Пикник во зелениот двор на Зрзевскиот манастир

Со години слушам за убавините на Зрзевскиот манастир од сопругот, но поради некоја необјаснива причина, никако не можев да најдам време да го посетам. По сплет на околности (скршен прст, стапало во гипс, лежење во кревет два месеца…), одлучив многу повеќе да патувам и да ги доживувам убавините на светот (започнувајќи токму од Македонија), па затоа и очекувајте многу вакви текстови на мојот блог во блиска иднина.

Национален парк Пелистер – најголемото македонско богатство!

Оние што подобро ме познаваат знаат дека долго време имам необјаснива потреба за шума. Едноставно сакам да се изгубам во зеленилото, да легнам на мека трева и да ги набљудувам сончевите зраци што едвај се пробиваат низ густите, високи дрвја, додека ја слушам прекрасната музика на штурците и птиците, надополнета со мелодијата на ветрот. Мислев дека ова можам да го постигнам само во некоја дождовна шума или во џунгла, ама испадна дека целото ова време решението ми било под носот.

Погледнете го епскиот трејлер за втората сезона на Star Trek: Discovery

Како огромен фан на Star Trek (од кога знам за себе), кој ги има гледано буквално сите серии и филмови, морам да признаам дека бев малку скептична за Discovery. Но, уште од првата епизода ме освои… А ако овој трејлер дава вистинска слика за втората сезона, тогаш нè очекува уште подобра приказна!

Ајнштајн е повторно во право – сите објекти паѓаат на истиот начин!

Отсекогаш сум била фасцинирана од умот на Ајнштајн. Понекогаш дури и си замислувам какви сè откритија би можел да направи доколку живеел во денешно време, или пак во блиска иднина. Во комбинација со напредокот на технологијата, тој би можел да го разбере целиот универзум, можеби дури и целосно да го освои! Токму затоа и воопшто не ме чуди што уште една негова теорија е докажана од страна на модерните научници…