Колумни

Човек

Што е тоа што ве прави човек?

Што е тоа што ве прави човек? Интелигенцијата? Логиката? Емоциите? Не, драги мои. Тоа се само големи зборови расфрлани низ нашите мозоци кои немаат никаква врска со човечноста. Со она нешто што е скриено длабоко во нас и кое веќе долго време едвај се бори за опстанок. Тоа нешто што луѓето успешно научиле да го држат под контрола и кое доаѓа до израз само во одредени манипулативни ситуации. Да. Добро прочитавте. „Човечноста“ излегува на виделина само кога луѓето имаат потреба од неа. Само кога треба да добијат нешто што инаку не би можеле. Доколку е навистина таква ситуацијата, тогаш изгледа дека таа го изгубила своето значење. Повеќе не е тоа што беше. Или пак, сепак станува збор за нешто друго?

chovek

И сега повторно ќе прашам. Што е тоа што ве прави човек? Ајде кажете, кое е првото нешто што ви паѓа на памет? Разумот? Свесноста? Сочувството? Не. Повторно грешка. Повторно ви паѓаат на ум големи зборови со широко значење кое секој човек различно ги толкува. Се вртиме во круг, забележувате? Од првиот момент кога стануваме свесни за себе и за своето постоење се обидуваме да дознаеме нешто повеќе за нас. Се трудиме да се запознаеме и да допреме до себе небаре животот ни зависи од тоа. Зошто? Како да постои некоја празнина во нас која не може со ништо да се пополни. Некои луѓе веруваат дека таа ќе исчезне кога ќе добијат факултетска диплома или пак, кога ќе се вработат на работата од нивните соништа. Други пак, се обидуваат да ја пополнат со помош на други луѓе и токму затоа формираат семејство, стапуваат во брак и имаат свои деца. Има луѓе и кои се откажале од трудењето да ја пополнат, па потклекнуваат на најразлични деструктивни однесувања. Како на пример, злоупотребата на алкохол и дрога. И дали некои од овие луѓе некогаш успеваат да се почувствуваат целосно? Не. Секако дека не. Празнината уште постои. И ќе продолжи да постои. Ќе не следи како сенка, бесшумно, до крајот на нашиот живот.

Па, ајде. Дали сега можете да одговорите на прашањето? Не? Ни јас. Па, затоа ја кривам празнината. Верувам дека во неа некогаш постоела човечноста. Но, дека веќе одамна е изгубена. И токму затоа и ние сме изгубени. Без разлика на постигнатиот успех, ние постојано сакаме повеќе и повеќе и повеќе. Никогаш ништо не ни е доволно. Секогаш нешто недостасува. А тоа нешто што недостасува, според мене е човечноста. Толку долго време сме изложени на брз живот и секојдневна борба за опстанок што сме заборавиле на тоа што значи да се биде човек. Сме заборавиле на нашето постоење и сме се фокусирале само на нашите постигнувања. Впрочем, денес не си никој и ништо ако немаш нешто постигнато, нели? Поправете ме слободно ако грешам. И сега што? Треба да се помириме со фактот дека сме еволуирале до оној степен да веќе немаме ни трошка човечност во нас? Дека толку многу сме се оддалечиле од своите корени што веќе не треба ни да се нарекуваме луѓе? Размислете. Јас цврсто верувам дека не смееме да се предадеме. Замислете што сè би можеле да постигнеме доколку повторно стапиме во контакт со неа. Со тоа мистериозно нешто што не прави луѓе. Со човечноста. И замислете само колку би биле погорди на себе. И поисполнети. Веќе никогаш нема да чувствуваме темна празнина која не влече надолу. Таа ќе се пополни со топлина која ќе ни биде извор на енергија. И здравје. И среќа. И љубов.

One comment

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s