Психологија

Кажете НЕ и помогнете си на себе

Можеби ви звучи смешно, но понекогаш да се каже ДА кога всушност потребниот одговор е НЕ, може да има сериозни последици.

Дали некогаш ви се случило да кажете ДА некому и во истиот момент да се покаете? Дали тогаш се почувствувавте како дел од вашата душа да се оддели од вас? Можеби ви звучи смешно, но понекогаш да се каже ДА кога всушност потребниот одговор е НЕ, може да има сериозни последици.

Кажете НЕ и помогнете си на себе

На пример, замислете девојка која има 15 години и која за прв пат е заљубена. Нејзиното момче почнува да ја притиска да имаат секс пред таа да биде подготвена. Под негово влијание таа кажува ДА и покрај тоа што сите молекули во нејзиното тело ја молат да почека уште малку. Или пак, замислете брачен пар, во кој жената сака деца, но мажот ѝ вели „Во моментов децата не се приоритет за мене“. Жената одговара со „ДА, целосно се согласувам“ и покрај тоа што нејзиното срце плаче за таа да биде мајка. Кажувањето ДА во оние моменти кога сакате да кажете НЕ е исто како да се напиете отров. Ова се однесува и на професионалниот и јавен живот, не само во приватната област.

Постојат многу начини на кои можете да влезете во огромни проблеми доколку не сте подготвени да го издржите она што ДА го носи со себе. Може да се случи да мора да правите работи кои не ги одобруваат ни вашите морални и етички принципи, но сепак го правите тоа затоа што се плашите да кажете НЕ. Без разлика на вашата работа, многу е важно да научите кога да кажувате НЕ и покрај моќниот притисок кој ве тера да кажете ДА. Всушност ова е многу поедноставно отколку што мислите. Проблемот е да го направите првиот чекор и потоа со самото изговарање на НЕ вие ќе почувствувате олеснување и целосно исчезнување на грижата на совест која претходно ве притискала.

Направете една мала вежба. Побарајте помош од блиска личност за да ви помогне со оваа вежба. Тој/таа нека се трудат најмногу што можат да ве убедат да кажете ДА за нешто што вие навистина не сакате да го направите, а вие обидете се со смирен тон да ги одбиете. Кажете им „НЕ, не се чувствувам пријатно да го направам тоа“. И покрај притисокот на вашата блиска личност, вие обидете се да дишете мирно и да го одржувате телото во смирена состојба, а потоа објаснете детално зошто не би сакале да го направите тоа и предложете ваше решение кое за вас е прифатливо. Тоа е тоа. Мора да научите да стоите цврсто на вашите принципи така што ќе предложите добро решение на проблмот кое е прифатливо за сите. Дури и да немате друго решение, не заборавајте, вие никому не должите објаснување за тоа како се чувствувате и не мора да се повторувате. НЕ е целосна реченица со сопствена тежина.

Покажете им на луѓето дека вие не сте личност која лесно може да падне под притисок. Покажете им дека вие заслужувате да бидете ценети и почитувани.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s