Психологија

Претворете го секој обичен ден во легендарен

Погледнете ги наредниве неколку трикови кои можат да ви помогнат да го направите секој ден полесен и позабавен, без разлика на вашите обврски...

Деновите како што доаѓаат, така и поминуваат. Некои денови за нас траат цела вечност, додека пак други поминале без да забележиме. Некои се забавни, некои монотони и досадни. Но, сè се менува кога ќе станете посвесни за она што се случува во и околу вас. Веднаш ќе забележите како се опуштате и вашите денови ќе станат помалку стресни и многу поиздржливи, а тоа ќе придонесе да чувствувате благодарност за вашиот живот. Погледнете ги наредниве неколку трикови кои можат да ви помогнат да го направите секој ден полесен и позабавен, без разлика на вашите обврски…

pretvorete-go-sekoj-obichen-den-vo-legendaren-sharenamarsovka-wordpress-com

Проширување на свесноста – Кога вашиот аларм ќе заѕвони, издвојте еден момент за да ги забележите можностите кои ви ги нуди денот. Секое утро е освежително тивко бидејќи денот сè уште не е напишан. Не ги проверувајте мејловите и пораките веднаш штом ќе ги отворите очите. Наместо тоа фокусирајте се на бојата на небото, на вашите соништа или пак, на она чувство кое доминира во вас во тој момент.

Утрински ритуал – Посветете еден дел од вашето утро за развивање на рутина, некој вид на здрава навика како јогата или медитацијата. Доколку сакате нешто повесело, можеби би можеле да пуштите музика и да танцувате. Најважно од сè е да создадете оаза од смиреност во која ќе се чувствувате безбедно, барем на 10-тина минути во текот на денот.

Уживајте во храната – Храната која ја внесувате во вашиот организам прави огромна разлика во вашиот ден. Рехидратацијата на вашето тело може да направи чуда кога станува збор за добро варење. Токму затоа започнете го денот со 1 литро вода или 2 чаши билен чај, пред доручекот. Потоа на ред доаѓа вашиот прв оброк. Размислете, што ви се јаде? Што му е потребно на вашето тело? Верувајте, вашето тело најдобро знае што му треба, па затоа обидете се да научите како да го слушате. И најважно од сè, одбегнувајте да јадете тешка храна за доручек.

Едноставноста е лекот – На што и да налетате во текот на денот, не ги преувеличувајте работите. Нека не ви биде мото изреката: „Од мравка направи слон“. Бидете во тек со денот, набљудувајте го сè она кое ви го носи и не се противете на препреките, туку барајте начин да ги надминете. Одржувајте го вашиот мозок одморен, вашето срце отворено и веднаш ќе забележите дека ќе почнете да донесувате цврсти и интуитивни одлуки. Комбинирајте ја организираноста со флексибилност. На овој начин ќе можете полесно да ги одредите вашите приоритети, па ќе се чувствувате добро откако ќе завршите со својата работа.

Опуштете се – Начинот на кој го завршувате денот е исто толку важен како и начинот на започнувањето на истиот. Некои луѓе ги запишуваат нештата за кои се благодарни, некои го набљудуваат ноќното небо на кое изобилуваат ситни ѕвезди кои им создаваат топлина во срцето и им покажуваат дека не се сами. Но, вие мора да ја најдете онаа работа која на вас најмногу ви одговара. Направете го крајот на денот легендарен и незаборавен, дури и со нешто ситно како набљудување на ѕвездите или разговарање со вашите најблиски на тема која ќе ве натера да размислувате, но која истовремено и ќе ве опушти. Овие мали нешта се оние кои ни даваат моќ и сила наредниот ден да станеме од кревет и да ги завршуваме секојдневните работни и домашни обврски.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s