Психологија

Бидете подобра личност…

Не држете лутина (Наместо тоа, обидете се да им простувате на другите луѓе, но и на себе)

Сите ние секојдневно се стремиме да бидеме најдобри што можеме и токму затоа се опколуваме со луѓе кои ни помагаат во остварувањето на оваа цел. Впрочем, во основата на здравите пријателски и љубовни врски е влијанието да се биде подобар, поддршката да се постигне нешто повеќе и искреноста кога работите ќе почнат да ни бегаат од раце. Да не должиме, погледнете ја нареднава листа од нешта кои можат да ви помогнат да бидете подобра личност, а со тоа да ја зголемите самодовербата како и љубовта кон себе…

Бидете подобра личност...

  • Не бидете злобни (Наместо тоа, обидете се да бидете  љубезни)
  • Не осудувајте (Наместо тоа, обидете се да бидете поотворени за мислењето на другите)
  • Не се споредувајте (Наместо тоа, обидете се да ги препознавате и славите туѓите достигнувања)
  • Не бидете без почит (Наместо тоа, обидете се да ги почитувате другите луѓе, ситуации, време и нешта)
  • Не држете лутина (Наместо тоа, обидете се да им простувате на другите луѓе, но и на себе)
  • Не бидете себични (Наместо тоа, обидете се да ги земете во предвид и туѓите потреби, животот е потежок ако сте сами)
  • Не бидете неблагодарни (Наместо тоа, обидете се да бидете задоволно со тоа што го имате)
  • Не ја отфрлајте одговорноста за квалитетот на вашиот живот (Наместо тоа, обидете се да бидете посвесни за вашите мисли, емоции, тело и однесувања)
  • Не ја губете смислата за хуморот (Наместо тоа, обидете се повеќе да се смеете, ако треба дури и на вашата сметка)
  • Не го очекувајте најлошото (Наместо тоа, обидете се да бидете позитивни, полни со надеж и да се насочите кон оптимизмот)
  • Не бидете скржави (Наместо тоа, обидете се да бидете дарежливи, особено со вашето време, љубов и пари)
  • Не губете интерес (Наместо тоа, обидете се да ја одржувате вашата креативност и активност за нештата кои знаете дека ве исполнуваат)
  • Не престанувајте да слушате (Наместо тоа, обидете се да бидете активен слушател и слушајте ги дури и оние нешта кои не се кажуваат со зборови)
  • Не бидете ригидни (Наместо тоа, обидете се да не се противите на промените и новите перспективи)
  • Не верувајте дека знаете сè (Наместо тоа, обидете се секојдневно да учите и никогаш не престанувајте да скромно да го проширувате вашето знаење)

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s