Што се случува кога ќе се судрат две ѕвезди ?
Истражување на вселената

Што се случува кога ќе се судрат две ѕвезди ?

Дефинитивно би било интересно да се набљудуваат две ѕвезди во моментот на судар – од безбедна далечина, секако. Можеме само да замислиме каква борба помеѓу нивните гравитациски сили би можела да настане, исфрлувајќи гасови и материја за време на сударот.

Тие исто така би оставиле позади нив и иинтересно ехо, според едно ново истражување. Европски тим погледнал кон остатоците од ваков судар и открил еден вид на ѕвезда која пулсира каква што никогаш порано не била забележана.

Често ѕвездите се формираат во групи или во парови, бидејќи тие се формираат од густи гасовити облаци. Понекогаш, црвен џин во бинарен систем станува толку голем што ќе се судри со својата ѕвезда придружничка. Овој судар би исфрлил 90% од ѕвездената материја на црвениот џин, но астрономите сè уште си ги „удираат“ главите за да сфатат што точно се случува потоа.

Што се случува кога ќе се судрат две ѕвезди ?

„Само неколку ѕвезди кои излегле од стеларен судир се познати, но многу е тешко да се проучува поврзаноста помеѓу стеларните судари и различните егзотични стеларни системи кои тие ги создаваат,“ изјавил главниот истражувач од Универзитот Кили.

Истражувачите кои го направиле ова откритие всушност биле во потрага по вонземни планети. Тие се насочиле кон „еклиптичен“ бинарен систем, што значи дека едната ѕвезда поминува пред другата, гледано од наша перспектива. Набљудувањата откриле дека остатокот од соголениот црвен џин е нов вид на пулсирачка ѕвезда.

„Ние бевме во можност да пронајдеме неколку ѕвезди од овој вид, според тоа колку тежат, бидејќи се во бинарен систем. Ова навистина ќе ни помогне да го интерпретираме пулсирачкиот сигнал и да сфатиме зошто овие ѕвезди го преживеале сударот и што ќе се случува со нив во наредните неколку милијарди години.“

Наредниот чекор за истражувачите е да пресметаат кога ѕвездата ќе се олади и ќе стане бело џуџе – она што останува откако ќе согори нејзиното гориво.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s