Да не се сфатиме погрешно, на човекот не му се потребни пари за да биде среќен, но сепак тие можат да му помогнат во намалување на одредени потешкотии настанати од секојдневната борба со стресот. Но, која висина на плата би можела да не направи посреќни? Една популарна студија од 2010 година открила дека магичната бројка е 75.000 долари годишно.
Еден од проблемите со оваа студија е фактот што таа не го зема во предвид трошкот кој доаѓа со живеењето во различни држави. На пример, во нашата држава, 75.000 долари се огромна бројка, но во Њујорк не можете многу да постигнете со нив. Токму затоа можеме слободно да претпоставиме дека оваа бројка би можела да варира во однос на местото на живеење.
За да се надмине овој проблем, истражувачот Даг Шорт решил да ги анализира податоците од оваа стдија на малку поинаков начин така што ќе ги земе во предвид и трошоците кои доаѓаат со животот во секоја држава. Според неговите резултати, во наредниве 10 држави среќата има најголема цена.
- Хаваи – 122.175 долари
- Вашингтон – 104.700 долари
- Њујорк – 99.150 долари
- Алјаска – 98.150 долари
- Њу Џерси – 95.700 долари
- Калифорнија – 95.325 долари
- Конектикат – 93.900 долари
- Орегон – 91.275 долари
- Масачусетс – 90.975 долари
- Род Ајленд – 90.675 долари
_______________________________________________________________________________
Автор: Моника
Дипломиран психолог. Во слободно време обожавам да пишувам. Отсекогаш ме интересирала астрoфизиката, а животно мото ми е дека не смеам да поминам ниту еден ден без танцување. Почнав да пишувам книга, научна фантастика, со надеж дека конечно ќе завршам нешто во мојот живот. Твитер ми помага да размислувам, особено во #ТретаСмена. Обожавам вино, црвено. Живеам за да пијам кафе.
_______________________________________________________________________________