Психологија

Работи за кои никогаш не смеете да се каете

Почнувајќи од личноста која навистина сте, па сè до барањето на помош, никогаш не треба да се извинувате, ниту пак да се каете за наредниве 11 работи...

Помеѓу големиот број на ситуации кои ни тежат на совеста, постојат и неколку нешта за кои никогаш не би требало да чувствувате вина. Почнувајќи од личноста која навистина сте, па сè до барањето на помош, никогаш не треба да се извинувате, ниту пак да се каете за наредниве 11 работи…

11 нешта за кои никогаш не смеете да се каете

  • За вашето мислење (Сите ние треба да формираме свои идеи врз основа на нашето досегашно искуство)
  • За грешките (Грешките се работи кои не можат да се избегнат, а понекогаш можат да служат и како одлична лекција која може многу да ви помогне понатаму во животот)
  • За љубов кон друга личност (Без разлика за кого станува збор, љубовта е чувство кое едноставно мора да се доживее во целост)
  • За чувствувањето (Ако ги блокирате чувствата, како очекувате да се чувствувате живо?)
  • За барањето услуги (Размислете, најлошото нешто што би можело да се случи е доколку соговорникот ви каже „не“)
  • За заборавањето (Сите ние забораваме, зарем има нешто страшно во тоа?)
  • За неуспехот (Можеби сега не ви изгледа така, но понекогаш од неуспехот може многу повеќе да се научи отколку од успехот)
  • За времето посветено на вас самите (Вашето време ви припаѓа само на вас)
  • За личноста која навистина сте (Постои причина зошто сите ние сме се родиле онакви какви што сме)
  • Доколку не сте онаа личност која некој друг сака да бидете (Никој не треба да го живее вашиот живот и токму затоа нема ништо погрешно во тоа да го живеете на начин на кој вие сакате)
  • Доколку не сте совршени (Едноставно не постои совршен човек и што побрзо го прифатите ова, толку подобро ќе се чувствувате)

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s