Психологија

Навики кои прават да се чувствувате живо

Го знаете она чувство кога немате волја да станете од кревет, кога се чувствувате уморно, нервозно, луто, па дури и безживотно? Сите сме поминале низ тоа...

Го знаете она чувство кога немате волја да станете од кревет, кога се чувствувате уморно, нервозно, луто, па дури и безживотно? Сите сме поминале низ тоа, можеби дури и повеќе пати отколку што би сакале да признаеме и понекогаш излегувањето од оваа состојба може да изгледа невозможно. Но, како и за сите други проблеми од овој вид, постојат неколку едноставни решенија.

5 навики кои прават да се чувствувате живо

Внимавајте што јадете

Со брзиот начин на живот, навистина е лесно да се изгубиме во бесконечниот круг на брзата и нездрава храна. Токму затоа обидете се да воведете барем еден оброк во текот на денот кој ќе изобилува со зеленчук и овошје. Доколку ви недостасува енергија, витамините со сигурност брзо ќе ви ја надокнадат.

Слушајте го вашето тело

Покрај целата бука од денешниот гласен свет, да се остане во контакт со физичките потреби е способност која мора постојано да се одржува и негува. Токму затоа одвојувајте по неколку минути во текот на денот кои ќе бидат посветени само на вашето тело. Запрашајте се дали му недостасува нешто, како на пример, вода или храна. Оваа навика може да ви помогне во иднина многу побрзо да ги интерпретирате потребите на вашето тело, а со тоа и да ја избегнете појавата на анксиозност во одредени ситуации.

Запишувајте ги вашите мисли

Кога ќе се развие една монотона рутина во која животот ќе се сведе на работа и спиење, можете да почнете да ја губите контролата врз вашите мисли. Токму затоа секое утро, веднаш по будењето, наместо да се расонувате читајќи ги новите мејлови, обидете се да го анализирате претходниот ден и да составите план за денешниот. Размислувајте за малите и реалистични промени кои можете да ги направите во наредните 12 часа со цел да се насочите кон животот кој сакате да го живеете.

Бидете присутни во сегашноста

Екарт Тол ни објаснува дека доколку страдаме од чувства како грижа на совест, вина или огорченост, ние сме заглавени во минатото. Од друга страна пак, доколку чувствуваме анксиозност, тензија или страв, ние сме целосно фокусирани на иднината. Живеењето во сегашноста е прифаќање на единствената реалност која може да се контролира, а токму ова размислување ќе ве ослободи од негативноста и ќе ве наполни со живот.

Сфатете ја природата на целите

Целите не постојат само за постигнувањата и не станува збор само за чеклиста на која ќе ги прецртате оние нешта кои сте ги завршиле. Обидете се да го препознаете она за кое толку многу се трудите и почнете да уживате во процесот на неговото постигнување. Овој процес е природен дел од животот, а вие можете да се чувствувате пријатно во својата кожа само доколку сте подготвени да уживате во самиот живот и во она што тој го носи со себе.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s