Астрономија

Можно е црните дупки да се трансформираат во својата спротивност: бели дупки

Што мислите, дали оваа теорија е исто толку луда како што звучи или можеби сепак има шанси белите дупки да бидат реалност?

И покрај нејзиното име, црната дупка не е огромна празнина. Поголемиот дел од црните дупки се последица од експлозија супернова, која настанува кога ѕвездата се руши под својата сопствена гравитација. На пример, кога една ѕвезда која е 10 пати поголема од нашето Сонце, експлодира во супернова, нејзината маса може да биде притисната во топче со дијаметар колку градот Њујорк. Гравитациското поле кое настанува е толку силно што дури ни светлината не може да избега.

Можно е црните дупки да се трансформираат во својата спротивност: бели дупки

Со декади, астрофизичарите се запрашувале дали црните дупки ја уништуваат информацијата, односно дали сè она што паѓа во нив се губи засекогаш. Една нова теорија сугерира дека на крајот од својот живот, црните дупки се претвораат во бели дупки, екпсплозивно истурајќи го сè она кое некогаш го проголтале назад во вселената.

Според овој модел, кој бил развиен од Карло Ровели и Хал Хагард од Универзитетот „Aix-Marseille“ во Франција, трансформацијата од црна во бела дупка може да се појави веднаш по формирањето на црната дупка. Нивниот модел се базира врз теоријата наречена „loop quantum gravity“, каде што гравитацијата и простор-времето се квантификувани и исплетени од мали индивидуални јамки (loops) кои не можат веќе да се делат.

Како што ѕвездата која умира, се руши под својата гравитација, таа е опколена со граница која се нарекува настан на хоризонтот, точка преку која нема враќање назад, па доколку се премине, дури ни светлината не би можела да избега. Ѕвездата продолжува да се смалува, но со тек на време ќе стигне до фаза каде што не може да стане помала, бидејќи јамките не можат повеќе да се компресираат.

Во овој момент, експретите сметаат дека настанува притисок кој ја претвора црната дупка во бела. Според проценките на истражувачкиот тим, потребни се само неколку илјадитинки од секундата за црната дупка да се трансформира во бела. Но, и покрај брзината на нејзината трансформација, истражувачите објаснуваат дека ние ги гледаме овие тела како црни дупки кои траат милијарди години затоа што нивната гравитација ги искривува светлосните бранови и времето околу нив.

Што мислите, дали оваа теорија е исто толку луда како што звучи или можеби сепак има шанси белите дупки да бидат реалност?

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s