Колумни

Сегашност

Бидете онаму каде што сте, не онаму каде што мислите дека треба да бидете...

Пред некој ден налетав на една многу интересна мисла од Екарт Тол која вели дека „Доколку страдаме од чувства како грижа на совест, вина или огорченост, ние сме заглавени во минатото. Од друга страна пак, доколку чувствуваме анксиозност, тензија или страв, ние сме целосно фокусирани на иднината. Живеењето во сегашноста е прифаќање на единствената реалност која може да се контролира.“ Не можете ни да замислите колку многу ме погоди оваа мисла. Јас, која бев цврсто убедена дека целосно живеам во сегашноста, планирајќи ги работите од ден за ден и не размислувајќи многу за она што ми го носи иднината, ниту пак за она што се случило во минатото, по читањето на овој цитат сфатив дека сум била во голема заблуда.

Сегашност

Што точно значи живеењето во сегашноста? Во овој момент би рекла уживање во она што го носи секој ден. Целосно прифаќање на сите моменти, целосно искусување на сите доживувања и целосно препуштање на сите чувства. Без разлика дали станува збор за позитивни или негативни нешта. На кратко, свесност за сè она кое во моментот се случува во нас и околу нас. Екарт Тол успеа со само неколку реченички да ме убеди дека не сум доволно свесна за моето присуство во сегашноста, а верувам дека истото ви се случува и на поголемиот дел од вас. И секако, кога една личност ја нема потребната доза на свесност во текот на денот, по една недела, месец, година, па дури можеби и декада, кога конечно ќе се освести, ќе се запраша кога поминало времето. Ние не треба да бидеме пасивни набљудувачи на себе, туку треба да сме целосно вклучени во она што го правиме и во она што се случува околу нас. Тоа е единствениот начин да живееме целосно во сегашноста, а со тоа и да ја прифатиме единствената реалност која може да се контролира.

Еве на пример, јас од кога знам за себе имам проблем со анксиозноста, а што се однесува до стравот, па подобро да не почнам да ги набројувам илјадниците фобии со кои секојдневно со борам. Никогаш не сум можела да сфатам зошто дел од нив некогаш се појавуваат, а некогаш не. Иако решението ми било пред очи. Се плашам од иднината. Се плашам од тоа што таа носи со себе. И многу јасно, кога живеете во константен страв од тоа што ве чека позади наредниот агол, големи се шансите дека нема никогаш да го направите следниот чекор по патеката. Нема никогаш да поминете од другата страна на аголот. А од кај знаете, можеби токму таму ве очекува она по кое што сте копнееле целиот ваш живот… Размислете. И бидете онаму каде што сте, не онаму каде што мислите дека треба да бидете.

 

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s