Неколку причини секое утро да пиете вода со лимон
Незаборавни занимливости

Неколку причини секое утро да пиете вода со лимон

Начинот на кој го започнувате денот има големо влијание врз вас и вашето тело. Токму затоа обидете се да стекнете навика секое утро да пиете топла вода со лимон. Погледнете дел од придобивките кои може да ви ги донесе оваа здрава навика…

Неколку причини секое утро да пиете вода со лимон

Подобрување на вашиот имунитет – Лимоните изобилуваат со витамин Ц и потасиум. Витаминот Ц е одличен борец против настинските, додека пак потасиумот го стимулира мозокот, функцијата на нервите и помага при контролата на крвниот притисок.

Балансирање на pH – Верувале или не, лимонот е алкално овошје кога се наоѓа во нашето тело. Доколку ги прашате нутриционистите, тие ќе ви објаснат дека алкалното тело е клучот до здравјето.

Намалување на тежината – Лимоните имаат високо количество на пектински влакна, кои помагаат во борбата против гладта. Да се навратиме малку и на претходната точка, неколку истражувања покажале и дека луѓето кои одржуваат алкална диета, многу полесно губат тежина.

Помош при варењето на храната – Топлата вода го стимулира системот за варење како и брановите од мускулни контракции кои се наоѓаат во ѕидовите на цревата, така што се погрижуваат целиот овој процес да се движи без застој. Лимоните и лиметата исто така изобилуваат со минерали и витамини кои помагаат при побрзото исфрлање на токсините од телото.

Чистење на кожата – Витаминот Ц ги намалува брчките и црвенилото на лицето, но исто така ги прочистува токсините од вашата крв и со тоа ја одржува вашата кожа чиста и сјајна.

_______________________________________________________________________________

Автор: Моника

Дипломиран психолог. Во слободно време обожавам да пишувам. Отсекогаш ме интересирала астрoфизиката, а животно мото ми е дека не смеам да поминам ниту еден ден без танцување. Почнав да пишувам книга, научна фантастика, со надеж дека конечно ќе завршам нешто во мојот живот. Твитер ми помага да размислувам, особено во #ТретаСмена. Обожавам вино, црвено. Живеам за да пијам кафе.

_______________________________________________________________________________

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s