Психологија

Ставови кои можат да ви го променат животот

Моќта на мислите е огромна и одредени ставови, верувале или не, би можеле целосно да го променат вашиот живот.

Моќта на мислите е огромна и одредени ставови, верувале или не, би можеле целосно да го променат вашиот живот. Сè што е потребно е да им дозволите на овие мисли да не бидат надвладеани од вашите стравови, мрзеливоста или пак, од тенденцијата постојано да ги одложувате нештата…

Ставови кои можат да ви го променат животот

Секојдневно правете нешта (мали или големи) кои ќе ве прават горди на себе

Успехот и среќата не „паѓаат од небото“. Тие не се соништа кои одеднаш сами од себе се исполнуваат. Токму затоа обидете се секојдневно да се движите во оној правец во кој сакате вашиот живот да се движи. Доколку ви се допаѓа одредено момче/девојка, пристапете им, доколку сакате да напишете книга, започнете веднаш со пишувањето или пак, доколку сметате дека заслужувате поголема плата, не се плашете да ја побарате. Почнете од малите нешта, секојдневно и брзо потоа ќе забележите дека лесно ќе ги правите и оние поголемите нешта, кои можеби во овој момент ви изгледаат застрашувачки и невозможно.

Секогаш говорете ја вистината

Вашиот живот драстично ќе се промени доколку решите постојано да ја кажувате вистината на себе, но и на оние околу вас. Откако гласно ќе го изговорите она што ви е навистина потребно или пак, она што премногу ви пречи, ќе забележите олеснување во себе, но и поголема поддршка од најблиските.

Појавете се

Појавете се дури и кога не сакате, кога сте уморни, кога сте зафатени, без инспирација или пак, кога не сте сигурни дали би требало. Позади секоја покана за вашето присуство стојат стотици можности кои доколку останете дома, во своите омилени пижами, јадејќи пуканки и гледајќи телевизија цела вечер, би можеле да поминат комплетно незабележано. Секоја можност води кон нови пријателства, нови идеи и нови можности за развивање на вашата кариера. Имајте го ова на ум нареден пат кога ќе сакате да одбиете покана.

 

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s