Мевлана Џалалудин (Џалал ад-Дин) Мухамед Руми, познат и како Џелаледин Мевљана Руми или на кратко, само Руми бил персиски поет, правник, теолог и Суфи мистик. Тој живеел во 13-от век, од 30 септември 1207 до 17 декември 1273 година. Неговата важност ги надминува сите национални и етички граници, а наредниве 10 негови мисли ќе ви покажат и зошто е тоа така…
1. Предизвикајте го стравот
„Бегајте од тоа што е удобно. Заборавете на безбедноста. Живејте онаму каде што се плашите да живеете. Уништете ја вашата репутација. Бидете озлогласени.“
2. Бидете храбри
„Не бидете задоволни со приказните кои се појавуваат пред вас. Направете си ваш мит.“
3. Бидете благодарни
„Носете ја благодарноста како наметка и таа секојдневно ќе го исхранува секој агол од вашиот живот.“
4. Превземете акција
„Зошто да останам на дното од бунарот кога имам цврсто јаже во мојата рака?“
5. Имајте верба
„Како што ќе почнете да се движите по патот, така самиот пат ќе почне да се појавува.“
6. Прифатете ги препреките
„Доколку ве иритира секое триење, како ќе се исполирате?“
7. Погледнете навнатре
„Вашата задача не е да барате љубов, туку едноставно да ги барате и најдете сите препреки во вас кои сте ги изградиле против неа.“
8. Научете од страдањето
„Раната е местото каде што Светлината влегува во вас.“
9. Не грижете се за она што другите го мислат за вас
„Сакам да пеам како што пеат птиците, без да се грижам за тоа кој слуша или што мисли.“
10. Правете го она што го сакате
„Дозволете си да бидете повлечени најсилно што можете од она што навистина го сакате.“