Психологија

Изговори кои ве спречуваат да ги постигнете вашите цели

Доколку сакате конечно да се вратите на вистинскиот пат, погледнете ги наредниве 10 изјави кои мора веднаш да ги исфрлите од вашите мисли...

Доколку често  кажувате „не“ на нови перспективи и можности, ослободувате сè повеќе простор за негативните емоции. Наместо да работите на себе-подобрувањето, вие заглавувате на едно место, се лажете себе и употребувате најразлични изговори да се оддалечите што е можно подалеку од вашата цел. Токму затоа доколку сакате конечно да се вратите на вистинскиот пат, погледнете ги наредниве 10 изјави кои мора веднаш да ги исфрлите од вашите мисли…

Изговори кои ве спречуваат да ги постигнете вашите цели

  • „Немам доволно!“

Имате и повеќе од доволно, но морате искрено да побарате.

  • „Се плашам!“

Сите луѓе се плашат. Не му дозволувајте на стравот да ве парализира, туку оставете го да ве разбуди.

  • „Премногу е тешко!“

Зарем би можеле да најдете задоволство во нешто што е премногу едноставно?

  • „Едноставно јас сум таков/таква!“

Луѓето се менуваат доколку сфатат што е тоа што навистина им е потребно за да успеат. Не прекинувајте да барате…

  • „Ќе го превземам ова од некој друг!“

Туѓиот успех никогаш нема да биде ваш, ниту пак наградата ќе ја почувствувате во целост.

  • „Не сум подготвен/а да го направам ова!“

Не постои совршен момент за почеток. Но, колку порано започнете, толку побрзо ќе завршите…

  • „Не сум како другите!“

Вие сте различни. Уникатни. И токму тоа е тоа што предизвикува да можете да бидете успешни.

  • „Никој претходно не успеал во ова!“

За сè има прв пат, нели?

  • „Што ќе кажат другите луѓе за мене?“

Мислењето на другите никогаш не треба да биде пред вашето мислење за себе.

  • „Пробав и не успеав!“

Сите успеси се градени врз обиди и неуспеси. Учете од грешките и со секој нареден обид ќе бидете сè поблизу до успехот.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s