Колумни

Среќа

Според мене среќата е долготрајно чувство, кое секојдневно се чувствува во мали дози.

Веќе неколку пати се случувало да влезам во дебата за значењето на поимот „среќа“. Изгледа дека поголемиот дел од луѓето сметаат дека тоа е моментална експлозија на позитивни чувства која на кратко во целост ве обзема. И дека животот се состои од мали моменти на оваа позитивна енергија кои се меѓусебно поврзани со здодевни, негативни или едноставно секојдневни и монотони периоди. Но, јас не се согласувам со ова верување. Ако мене ме прашувате, оваа дефиниција на среќата повеќе наликува на еуфорија. На некаков вид хиперактивност која е предизвикана од позитивен настан. Но, дефинитивно не станува збор за среќа.

Среќа

Според мене среќата е долготрајно чувство, кое секојдневно се чувствува во мали дози. Таа доаѓа во форма на внатрешен мир, смиреност и добро расположение. Таа ви помага да се мотивирате за завршувањето на вашите секојдневни обврски, домашни или работни, така што ги изработувате со волја и уживате додека го правите тоа. Таа ве инспирира секојдневно да станувате подобра личност, да се запознавате себе, да ја проширувате вашата свесност, да ги истражувате вашите желби и потреби и да ги превземате оние активности кои се потребни за нивно остварување. Таа ви помага и да чувствувате. Посилно и појасно. Среќата едноставно ви овозможува да живеете во хармонија со самите себе, но и со оние околу вас.

Што се случува ако верувате во онаа друга дефиниција за среќата, која ја опишува како моментално преплавување на позитивности? Барајќи ги тие големи и интензивни моменти вие ќе заборавите да уживате во малите нешта кои можеби ве исполнуваат дури и повеќе од колку што некогаш сте верувале дека е можно. Вие очајно ќе трагате по оваа еуфорија, занемарувајќи ги сите други добри нешта кои ви се случуваат и со секој следен чекор ќе навлегувате подблабоко и подлабоко кон депресијата. Човечкото тело не е дизајнирано за долготрајно изложување на бурни и силни чувства, без разлика дали станува збор за позитивни или негативни, но тоа многу добро знае да ги интерпретира дури и најмалите нешта, навидум незнајчни, кои ви предизвикуваат среќа, вистинска среќа. Токму затоа заборавете на еуфоријата и насочете се малку кон себе. Среќата е во вас, па сè што треба да направите е да ја побарате во себе. Би се изненадиле од она што би можеле да го откриете.

И додека сме на оваа тема, никогаш не заборавајте дека за да направите некого среќен, прво ВИЕ мора да бидете среќни

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s