Психологија

Прашања кои треба да си ги поставите на себе доколку чувствувате дека нешто не е во ред

Дали некогаш ви се случило да почувствувате како нешто едноставно да не е во ред, но не можете точно да одредите за што станува збор?

Дали некогаш ви се случило да почувствувате како нешто едноставно да не е во ред, но не можете точно да одредите за што станува збор? Нешто длабоко во вас тивко ви шепоти дека работите не се онака како што треба да бидат, но овој глас е толку тивок што не можете да го слушнете. Ако имате ваков проблем, погледнете ги наредниве 5 прашања со чија помош ќе можете да ја проширите вашата свесност и многу полесно да дознаете што е она што веќе некое време ви пречи…

Прашања кои треба да си ги поставите на себе доколку чувствувате дека нешто не е во ред

1. Која е вистинската причина за мојата грижа?

Идентификувајте ги учесниците и откријте кој е изворот на вашето непријатно чувство. Дали станува збор за проблем со личност од вашата фамилија, партнерот или пак, со соработник? Или можеби станува збор за одредена ситуација или место на кое се наоѓате?

2. Како оваа личност, место или ситуација прави да се чувствувам?

Кога станува збор за чувството „Нешто не е во ред“, обично имаме тенденција да се фокусираме на нешто конкретно, како на пример, како таа личност, место или ситуација влијае врз нас. Но, за да откриете за што точно станува збор, мора да се насочите кон вас и кон тоа како вие се чувствувате.

3. Кои се моите избори?

Вие никогаш не сте заглавени. Секогаш имате избор. Токму затоа заборавете на жалбите и преминете на анализирање на проблемот и наоѓање на решенија кои би можеле да ви помогнат да ја надминете оваа работа.

4. Кои се придобивките, а кои недостатоците?

Доколку се наоѓате на одредено место, во специфична ситуација или пак, доколку станува збор за однос со блиска личност од вашиот живот кои прават да чувствувате како вашата енергија побрзо да се исцрпува отколку што се полни, тогаш можеби е време сериозно да размислите за вашите постапки.

5. Дали барам решение, кога едноставно решението не постои?

Можеби сте забележале дека во последно време колку и да се трудите, едноставно не добивате ништо за возврат? Без разлика дали станува збор за одредена врска, љубовна или пријателска, место на живеење или пак, работно место, размислете дали можеби вие сте почнале да живеете во илузијата дека работите ќе се променат, а реалноста да е сосема спротивна?

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s