Колумни

Трпение

Трпение? Што ли беше тоа?

Не знам дали сте забележале, ама во последно време ми изгледа како да нема место за трпението во овој свет во кој живееме. Сите сакаме набрзина да завршиме со факулетот, да се вработиме, да добиваме висока плата, да имаме совршена врска и многу пријатели, но притоа да не се потрудиме ни најмалку. Се извинувам што ќе мора да ви го скршам филмот, ама Дедо Мраз навистина не постои. Работите не паѓаат од небо. Чуда не се случуваат.

trpenie

Можеби познавате некоја личност која изгледа како коцките да ѝ се наредиле уште од раѓање. Но, вистината е далеку од тоа. Она што не можете да го видите само со набљудување од страна е дека таа личност се трудела да го постигне тоа што во моментов го има. Доколку станува збор за добро работно место, сигурна сум дека се препотувал/а до ниедно време работејќи за ич пари, трудејќи се колку што може и не може и борејќи се за своите соништа. Ако пак се работи за љубовна врска, со сигурност тврдам дека и тој и таа работеле долго време на нивниот однос, секојдневно усовршувајќи го, мотивирајќи се помеѓу себе да бидат подобри личности и зборувајќи мирно и со разбирање за сите проблеми и препреки. Истото важи и за пријателствата…

Но, овие примери сè поретко можат да се видат во реалноста. Сега секојдневно слушаме како луѓето не се ни обидуваат да се борат за работата од своите соништа само затоа што немаат врски, затоа што не успеале за една недела да го достигнат саканото, затоа што од почеток им изгледа тешко и невозможно или пак, затоа што не сакаат да работат за ниска плата бидејќи сметаат дека заслужуваат повеќе, па седат дома и 24/7 гледаат филмови и серии и дозволуваат нивниот живот да помине безначајно. Што се однесува до врските, луѓето секојдневно раскинуваат или престануваат да се дружат само затоа што не разговараат, не ги решаваат проблемите на време или пак, затоа што одлучиле дека е полесно да се биде сингл или сам без пријатели. Што мислите, што е заедничко за сите овие проблеми? Точно, трпението.

Па, како очекувате да стигнете до директорската позиција ако немате трпение да ги поминете сите фази кои водат до неа? Ќе барате врски? Ќе се претворите во безрбетници и цел живот ќе бидете нечија слуга само затоа што не сте имале доволно трпение да го изработите својот пат до успехот? Или пак, ако не можете да ги најдете тие врски ќе дремете дома до крајот на вашиот живот? Нека не ве лажат, не успеваат само тие со кабли. Баш напротив, повеќе успеваат оние кои со страст се движат по патот на нивните соништа. И оние кои имаат трпение, кои не се откажуваат при првата препрека. Од друга страна пак, ќе останете сами до крајот на вашиот живот, без љубовта и поддршката од пријателите или од љубовниот партнер само затоа што сте немале трпение да ги сослушате кога им било најпотребно? Затоа што не сте сакале да одвоите 2 минути од вашето скапоцено време и да го посветите целосно на нив? На најблиските пријатели? На партнерот во кој толку многу сте биле заљубени? И потоа другите ви се криви затоа што не ја работите работата од вашите соништа, затоа што сте изгубиле контакт со пријателите или затоа што не сте повеќе во врска со личноста која ја сакате.

Почнете да превземате одговорност за вашите постапки. И почнете да вежбате трпение, бидејќи без негова помош, нема да стигнете далеку… Дури и по некоја случајност да успеете во некоја од овие области, тој успех треба и да се задржи – а без трпението, верувајте ми, брзо ќе пропадне.

One comment

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s