Лудиот начин на кој можете да забележите дали му се допаѓате
Незаборавни занимливости

Необичен начин на кој можете да забележите дали му се допаѓате

Можеби не би требало долго време да чекате за вашиот партнер да ги признае вербално своите чувства за вас. Според една студија објавена во журналот „Evolution and Human Behavior“, кај мажите висината на гласот видливо варира помеѓу високите и ниските тонови кога разговараат со жена која им се допаѓа.

Лудиот начин на кој можете да забележите дали му се допаѓате

Во оваа студија, истражувачите испитувале 110 мажи додека тие разговарале со различни видови на луѓе и откриле дека кога тие разговараат со личност која сметаат дека е атрактивна, нивниот глас природно варирал од подлабоки кон повисоки тонови, на суптилен начин. Причината? Па, истражувачите веруваат дека со помош на ова варирање во гласот на мажите, тие даваат сигнал дека истовремено се и мажествени, но и нежни партнери, а токму оваа комбинација е нешто што жените го бараат од своите потенцијални партнери. Тие сакаат да чувствуваат сигурност покрај мажот, но истовремено им треба и поддршка и разбирање.

Но, она што е најинтересно од сè е што изгледа дека овој метод навистина успева. Кога истражувачите им ги пуштиле снимките на слушателите, се покажало дека жените биле многу позаинтересирани за мажите чии тон на глас варирал. И покрај тоа што оваа теорија очигледно не е поткрепена со голем број на докази, сепак можеби би било интересно на наредниот состанок да обрнете повеќе внимание на тонот на неговиот глас. Доколку тој прави ваков вид на промени, можеби се обидува да ви ги покаже неговите позитивни квалитети.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s