Занимливости

Верувале или не, можете да бидете преслаби!

„И сакам само да ве потсетам дека вашата цел никогаш не треба да биде губење на тежина, туку добивање на здравје. Тежината не секогаш е отсликување на здравјето.“

Толку многу луѓе на Интернет едвај чекаат да ги криткуваат другите за нивната природна телесна тежина, што забораваат дека понекогаш можеби нешто друго се крие позади нивната состојба. Како личност која има проблеми со одржувањето на својата тежина поради здравствени причини, долго време се обидувам да им покажам на другите дека не треба по секоја цена да се губи телесната тежина.

Верувале или не, можете да бидете преслаби!

Влијанието од медиумите создава една слика за фигурата на жената која сите слепо ја прифаќаат и очајно се обидуваат да ја достигнат и токму тоа понекогаш може да доведе до непромислени реакции или коментари кои можат да повредат. Токму затоа една корисничка на Imgur, позната како gcteg, решила да ја сподели својата приказна со светот со цел да им покаже на луѓето дека една личност навистина може да биде преслаба.

„Во последниве 10-тина месеци се борам со состојба во која е скоро невозможно да задржам било какви хранливи материи од храната која ја јадам. Поради оваа состојба изгубив 10 килограми во рок од една година,“ објаснува таа.

На првата фотографија, која била направена кога gcteg почнала да забележува како губи тежина можете да видите како таа изгледала со својата висина од 155 сантиметри и тежина од 53 килограми. На втората фотографија таа има 48 килограми, а на таа под неа, 43.

Верувале или не, можете да бидете преслаби! Верувале или не, можете да бидете преслаби! Верувале или не, можете да бидете преслаби!

„Моето искуство ми покажува дека сепак може да се биде премногу слаб. Јас без да сакам ги изгубив моите гради, задник и енергија,“ пишува таа на својата најнова фотографија. „И сакам само да ве потсетам дека вашата цел никогаш не треба да биде губење на тежина, туку добивање на здравје. Тежината не секогаш е отсликување на здравјето.“

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s