Колумни

Искуство

Сфатив дека со запишувањето на моето искуство можам посвесно да си го следам движењето низ животот, како и да бидам поприсутна во сегашноста и во оние нешта кои во моментот се случуваат околу мене.

Интересно е како откако решив да пишувам колумни и други видови на текстови, почнав да учам многу работи за себе и за начинот на кој функционирам. Почнав да го разбирам повеќе начинот на кој размислувам и на кој донесувам одлуки. Но, најважно од сè сфатив дека со запишувањето на моето искуство можам посвесно да си го следам движењето низ животот, како и да бидам поприсутна во сегашноста и во оние нешта кои во моментот се случуваат околу мене. Токму затоа сакам да ви препорачам и на сите вас да започнете со овој вид на „психотерапија“. Секако, тоа не мора да го правите јавно. Можете да почнете да ги запишувате вашите мисли во Ворд или пак, во тетратка. Навистина вреди, верувајте ми.

Искуство

Еве на пример, мојата прва колумна, Човек, беше напишана под влијание на голема нервоза и напнатост. И покрај тоа што одамна имам одбрано да живеам во розов свет (знам дека ова не е добро, но јас навистина сè уште не можам да ги поднесам сите монструозности кои се дел од реалноста) и целосно се изолирав од сите оние лоши нешта кои се случуваат ширум светот, сепак одлучив да прочитам нешто што во еден момент необјасниво целосно ми го привлече вниманието. Не се сеќавам точно на приказната затоа што не успеав да издржам целиот пост да го прочитам, но се сеќавам дека беше нешто за застрашувачко малтретирање на деца. Можете да замислите колкав шок беше тоа за некој кој не ги следи редовно овие работи. Токму затоа, бидејќи немав како да ја исфрлам лутината кон луѓето од себе, решив да го запишам тоа што го чувствувам. Како што се движев кон крајот на моите мисли, така мојата нервоза сè повеќе и повеќе се намалуваше, а кога стигнав до самиот крај целосно ја снема.

Кога станува збор за изразување на емоциите, има нешто магично во пишувањето. Тоа помага во размислувањето и во обработувањето на податоците кои нашиот мозок секојдневно ги впива. Со пишувањето ние подетално ги анализираме нашите постапки, а со тоа и подобро ги разбираме. Можам слободно да кажам и дека не тренира да бидеме потрпеливи, почувствителни, па дури и подобро да ги сфаќаме туѓите однесувања. Тоа не доближува повеќе до себе, но истовремено и до оние кои се околу нас. Но, најголемата придобивка од запишувањето на вашето искуство е токму истурањето на негативната енергија која под дејство на стрес секојдневно се собира во вас, а со тоа ве прави многу посреќни, попозитивни и посмирени личности. Не ми верувате? Слободно пробајте. Еве почнете уште денес и запишувајте го вашето искуство еднаш во неделата, цел месец. Ќе ја забележите разликата уште во првите 2 недели… И не заборавајте, за 10-тина години од сега, кога ќе се навратите на работите кои сте ги запишале и ќе се потсетите на оние нешта кои некако со тек на време сте успеале да ги заборавите, ќе се наполните со позитивна и свежа енергија која ќе ви помогне да се справите со сите проблеми кои во меѓувреме животот успеал да ви ги донесе. Тоа е исто како кога гледате стари фотографии. Едноставно не можете да не се насмеете и расположите…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s