Психологија

Навики кои ве спречуваат да бидете среќни

Во свет кој изобилува со стрес, секојдневни нервози и проблеми понекогаш може да се случи да заборавиме дека постои и позитивна страна.

Во свет кој изобилува со стрес, секојдневни нервози и проблеми понекогаш може да се случи да заборавиме дека постои и позитивна страна. Забораваме дека има толку многу други работи за кои можеме да бидеме среќни и кои со сигурност можат денот да ни го направат подобар и поиздржлив… Погледнете ги наредниве навики кои ве спречуваат да бидете среќни…

naviki-koi-ve-sprechuvaat-da-bidete-srekjni-sharenamarsovka-wordpress-com

1. Споредување на себе со другите – Ова е битка која  луѓето веќе со години ја губат. Не заборавајте, вие не сте на оваа планета да бидете како некој друг, вие сте тука да бидете вие.

2. Опсесивна грижа за вашиот изглед – Вашето тело е само штит на вашата внатрешност, моментално возило кое носи скапоцен товар. Токму затоа тоа ја заслужува вашата љубов, грижа и почит – не вашите константни критики.

3. Судење за постапките на другите – Судењето кое го искажуваме за другите најчесто е надворешна експресија на она што ние го чувствуваме за себе. Доколку почнете да ги прифаќате другите онакви какви што навистина се, заедно со сочувство и неутрален став, тогаш вашиот поглед кон светот целосно ќе се смени.

4. Правење на одредени работи само затоа што другите ги прават – Ова се однесува на сите аспекти од животот. Најдете го вашиот начин на функционирање и придржувајте се до него. Не се обидувајте да ја следите толпата.

5. Игнорирање на вашата интуиција – Оној малиот глас во вашата глава ги знае сите решенија. Не се обидувајте да го игнорирате.

6. Преголема изложеност на медиумите – Масовните медиуми најчесто не трупаат со негативности. Нивното избегнување ќе ви помогне повеќе да се фокусирате на вашите инстинкти и верувања. Не дозволувајте вашиот мозок да биде „испран“ од изобличени норми и вредности на поп културата.

7. Купување глупости кои не ви се потребни – Шопингот без контрола ни го одвлекува внимание од сè значајно што е поврзано со нашето постоење. Ние некако успеавме да научиме дека купувањето може да ни помогне да пополниме некоја внатрешна празнина или пак, да се почувствуваме среќно и убаво. Но, за жал најчесто се случува токму спротивното.

8. Страв од радост – Понекогаш овој страв се крие веднаш под површината и ги чека сите можности за саботажа на следната одлична можност која ќе наиде на вашиот пат. Во свет кој изоблилува со стрес, мора да научите како да ги идентификувате и најмалите нешта кои ви предизвикуваат среќа и радост.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s