Колумни

Посветено на Робин Вилијамс, нашиот омилен херој

Тој беше и засекогаш ќе остане најмилиот лик од Холивуд кој успеа да допре до личности од сите возрасти ширум светот.

Сигурна сум дека на многумина од вас Робин Вилијамс им беше еден од омилените глумци. Тој беше и засекогаш ќе остане најмилиот лик од Холивуд кој успеа да допре до личности од сите возрасти ширум светот. Преку својот перформанс на сцената со неговите урнебесни стенд ап комедии, а најмногу преку неговите ликови во филмовите, тој успеа да не однесе во сосема поинакви светови и да не научи на најголемите вредности на животот.

Робин Вилијамс беше и засекогаш ќе остане голем човек. Човек кој навистина успеа да го промени светот, кој го насмеа и расположи, кој му покажа светлина и во најтемните моменти. Но, со неговата последна постапка тој исто така и го расплака. Ги погоди сите оние кои веруваа во него, во неговите зборови, мисли и дејства. И токму затоа можеби би требало да се обидеме да научиме нешто од оваа ситуација. Да го сфатиме ова како последна животна лекција од него. Можеби треба конечно да сфатиме дека работите не се секогаш онакви како што изгледаат. Можеби е време да обрнеме повеќе внимание на нашите најблиски и на нивното психичко здравје. До кога ќе ги губиме оние кои навистина вредат, оние кои имаат моќ да го променат светот и да го направат подобро место за живеење само затоа што сме ги игнорирале знаците на опасност кои тие очајно ни ги испраќале или зашто не сме биле доволно свесни да ги препознаеме? До кога ќе живееме со стереотипи за психологијата и ќе ги осудуваме оние кои биле доволно храбри да побараат помош?

Ако ме прашувате мене, јас секоја недела би одела на психотерапевт. Чисто онака да си помуабетам со некој кој не е директно поврзан со мојот живот. Нема ништо страшно во тоа, не е срамота и оние кои го практикуваат ова со сигурност ви тврдам дека не се ниту луди, ниту ненормални. Баш напротив, тие се едни од најздравите личности, психолошки, но и физички. Ако патите од депресија или пак, ако познавате некој близок кој поминува низ оваа застрашувачка состојба, соберете конечно храброст и направете го првиот чекор. Јавете се на психотерапевт. Разговорите со блиските помагаат, но не секогаш на вистинскиот начин. Поддршката е потребна и значајна, но понекогаш за да се реши некој проблем потребно е многу повеќе од пријателски совет. Почнете да се борите за вашето психолошко здравје, излезете од вашата удобна зона и направете промена. Подобрете го вашиот живот и животот на вашите најблиски. Не дозволувајте светот да изгуби уште една бесценета душа. Бидете храбри!

А што се однесува до тебе, Робин, ти посакувам само најдобро. Без разлика на тоа каде се наоѓаш во овој момент, се надевам дека конечно си го најде својот мир. Се надевам и дека ќе продолжиш да ги смееш и развеселуваш оние кои се околу тебе, но и дека ќе дозволиш и тие да воведат светлина во тебе. Почивај во мир хероју.

Со љубов,

Моника

One comment

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s