Она што може да се забележи на оваа фотографија не се голем број ѕвезди на небото, туку безброј галаксии кои се наоѓаат длабоко во вселената. Ова е досега најдлабокиот поглед во вселената и опфаќа милијарди светлосни години кои не носат наназад во минатото кога вселената била уште многу млада. Но, најинтересното нешто е што оваа фотографија е направена од многу мал простор на нашето ноќно небо. Толку мал, што доколку би ги имале способностите на Хабл, доволна би ви била една цевка за пиење сок за да ги видите сите овие галаксии кои се наоѓаат на фотографијата. Можеме само да замислиме колку галаксии има доколку се направи фотографија од целото ноќно небо. Фасцинантно.
