Сите луѓе имаат стравови, некои сериозни, некои ирационални, но сите подеднакво застрашувачки. Поголемиот дел од нив се индивидуални, но постојат неколку кои може слободно да се каже дека се универзални. Погледнете дел од нив…
1. Пропуштање можности – Постојат толку многу начини на кои можете да го испланирате вашето време, но што се случува со оние нешта кои никако не можете да ги вметнете во вашиот распоред? Имајте на ум дека и вие сте човек и дека како и сите останати луѓе на планетава имате на располагање само 24 часа во текот на еден ден. На вас останува само да научите како да ги дефинирате приоритетите, а што се однесува до можностите – тие самите ќе најдат начин да пристигнат до вас.
2. Започнување нови нешта – Ви се случило ли некогаш да се чувствувате како да не сте доволно подготвени за некој почеток или пак, како да не е вистинскиот момент да започнете со тоа нешто? Ова мало гласче кое ве убедува да одложувате е вашиот внатрешен саботер и верувајте ми, многу е подобро доколку не му обрнувате внимание бидејќи едноставно не постои совршено време за почеток.
3. Барање помош – За некои луѓе ова е најтешкото нешто на светот. Да, многумина се плашат од барање помош, но размислете, доколку го направите тоа, што е најлошото нешто што би можело да се случи?
4. Извинување – Се сеќавате на песната „Sorry Seems To Be The Hardest Word“ од Елтон Џон? Па, зарем треба да се каже нешто повеќе? Дури и кога грешиме и кога сме свесни за нашата грешка, зборот „извини“ не сака да излезе од нашата уста. Но, тоа не треба да ве спречи да го употребите. Можеби сега ви изгледа како најстрашното нешто на светов, но откако ќе го кажете гласно, вие инстантно ќе почувствувате олеснување…
5. Притискање „Send“, „Publish“, „Tweet“… – Без разлика дали станува збор за писатели, блогери, твитерџии или пак, корисници на било кои останати социјални мрежи, сите ние секојдневно се соочуваме со анксиозноста пред објавувањето на оние нешта во кои навистина сме вложиле труд. „Дали ќе им се допаднат на читателите?“ „Дали има печатни грешки?“ „Дали добро сме се изразиле?“ Ова се само дел од мислите кои интензивно ни се вртат низ глава во моментите пред да ја покажеме нашата мисла на јавноста. Но, не грижете се. Најчесто сите овие стравувања се без причина и вашите мисли ќе го најдат својот пат до соодветната публика од која ќе го добиете признанието кое го заслужувате.