Дали ви се случило кога ќе ви заѕвони алармот наутро едвај да станете од кревет, да се чувствувате како да не го контролирате вашето тело или пак, да се удирате во различни предмети во вашата соба? Според една студија објавена во Журналот Неврологија, можно е да страдате од пијанство од спиење.
Околу 15% од 20.000-те испитаници кои биле тестирани во период од една година изјавиле дека ги имаат овие симптоми. Ова однесување има многу форми, вклучувајќи амнезија или екстремна збунетост по будењето и најчесто се поврзуваат со други видови на нарушувања во спиењето.
Кое е значењето на овие откритија? И покрај сè, голем број од нас ги доживеале овие симптоми кога било време да станеме од кревет и да започнеме со новиот ден. Истражувачите објаснуваат дека помеѓу оние кои пријавиле епизоди на пијанство од спиење, 84% веќе имале нарушување во спиењето, ментално нарушување или пак, пиеле медикаменти како антидепресиви кои сугерираат дека оваа состојба може да биде симптом или црвено знаме за други проблеми кои можат да го нарушат квалитетот на спиењето. И покрај тоа што оваа состојба не добива толку внимание како други проблеми од овој вид, на пример месечарењето, таа сепак може да биде опасна. Токму затоа ако имате проблеми со будењето и станувањето од кревет наутро, можеби би требало да внимавате на други проблеми или пак, да се консултирате со доктор.