Психологија

Едноставни навики кои ќе ви помогнат да го претворите вашиот живот во авантура

Неколку идеи кои можат да ви помогнат да ги подобрите вашите денови и да добивате многу повеќе од секоја секунда од вашиот живот...

Многу е лесно да се препуштиме на секојдневните монотони ритуали кои малку по малку ни ја превземаат контролата врз нашиот живот и не заглавуваат во удобната зона од која потоа е премногу тешко да се излезе. Но, тоа не значи дека не треба да се обидеме да ја вратиме возбудата во нашиот живот и да внесеме малку авантура во нашето секојдневие. Погледнете ги наредниве неколку идеи кои можат да ви помогнат да ги подобрите вашите денови и да добивате многу повеќе од секоја секунда од вашиот живот…

Едноставни навики кои ќе ви помогнат да го претворите вашиот живот во авантура

Разбудете се еден час порано – Искористете го ова време за да вежбате, пешачите или смирено да го започнете вашиот ден наместо постојано да се брзате во подготовките и да се прашувате на излегување од дома што сте заборавиле. На овој начин вашиот ден ќе започне помалку стресно и многу посреќно.

Направете утринска листа – Испланирајте го вашиот ден така што ќе направите шема од најосновните и најважни нешта кои сакате денес да ги завршите. Секојдневно смислувајте си нови мали предизвици кои ќе ве насочуваат кон животот кој навистина сакате да го живеете.

Пауза во движење – Обидете се на секоја пауза да станувате од вашата работна маса и барем малку да се раздвижувате. Излезете на свеж воздух, размрдајте ги нозете и кога ќе се вратите на работата ќе бидете многу пофокусирани и посвежи.

За време на ручекот, тргнете го погледот од комјутерот и фокусирајте се на вашата храна – Работата нема никаде да ви избега доколку му дадете поголемо значење на вашиот попладневен оброк. Завршете со ручекот опуштено, гледајќи во храната наместо во мониторот и пуштете ги вашите мисли слободно да течат. Не постои подобар начин на освежување на вашите мисли.

Секоја вечер, по работата, правете нешто различно – Не се препуштајте на секојдневните рутини кои по враќањето од работата вклучуваат вечерање во удобноста на вашиот кауч додека гледате телевизија. Договорете се со вашите најблиски или партнерот секоја вечер да се впуштате во некоја нова активност – шетајте го кучето, одете на кино, направете забава во вашиот дом… Само затоа што наредното утро сте на работа, не мора да значи дека вечерта мора да остане неискористена!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s