Хабл успеал да направи неверојатна фотографија од визуелно исклучителната пругасто спирална галаксија, позната како NGC 1300. Пругасто спиралните галаксии се разликуваат од нормалните спирални галаксии во тоа што нивните краци не се спирални до центарот, туку се поврзуваат на двата краеви во права линија од ѕвезди кои содржат јадра во своите центри.
