Психологија

Психопатологија: Опсесивно компулсивно растројство

Опсесивно коммпусливното растројство е нарушување на анксиозноста кое се карактеризира со повторувачки и вознемирувачки чувства (опсесии) и/или со повторувачки однесувања во форма на ритуали кои личноста се чувствува обврзана да ги направи (компулсии).

Опсесивно компулсивното растројство е нарушување на анксиозноста кое се карактеризира со повторувачки и вознемирувачки чувства (опсесии) и/или со повторувачки однесувања во форма на ритуали кои личноста се чувствува обврзана да ги направи (компулсии). Опсесиите исто така можат да превземат и една форма на нападни слики или несакани импулси. Поголемиот дел од оние личности кои страдаат од опсесивно компулсивното растројство доживуваат и опсесии и компуслии, додека пак помалиот дел од нив (околу 10% – 20%) имаат или само опсесии или само компулсии.

Психопатологија: Опсесивно компусливно растројство

Оние личности кои страдаат од ова растројство најчесто се обидуваат активно да ги отфрлат опсесиите или да ги неутрализираат така што ќе се вклучат во компулсиите или ќе се обидуваат да ги избегнат оние ситуации кои им ги предизвикуваат. Во поголемиот дел од случаите, компулсиите ја олеснуваат анксиозноста. Но, постојат ситуации во кои и самите компулсии можат да предизвикаат анксиозност – особено кога почнуваат да бараат многу нешта.

Она што е многу интересно за ова растројство е фактот што личноста која страда од него сфаќа дека нејзините мисли и/или однесувања се ирационални или претерани. Но, таа има толку силна потреба да се впушта во тоа однесување што едноставно не е важно дали истото има смисла или не. Некои личности кои долго време имаат опсесивно компулсивно растројство можат да престанат целосно да се спротиставуваат на своите нагони бидејќи почнуваат да чувствуваат дека полесно ќе поминат доколку целосно им се препуштат.

Примери на опсесивно компусливно растојство

Поголемиот дел од личностите кои страдаат од ова растројство имаат страв од контаминација (на пример, страв од нечисто, бактерии или болести), страв од правење нешто лошо или пак, повредување на себе или личност која им значи (на пример, да бидат одговорни за почетокот на пожар). Тие често знаат да се вклучат во несакани акти на агресија (несакано да избувнат и да повредат блиска личност) или пак, не можат (или се плашат) да ги прифатат своите сексуални или религиозни мисли. Најголемиот дел од оние кои страдаат од опсесивно компулсивното растројство имаат голема потреба за симетрија и ред.

Најчестите компулсии вклучуваат претерано чистење (на пример, ритуализирано миење раце), постојано проверување на одредени нешта, средување и броење. Често можат да се забележат и повторувачки активности (на пример, влегување/излегување низ вратата) или собирање на одредени непотребни работи без причина и цел. И покрај тоа што поголемиот дел од компулсиите се однесувања кои можат да бидат забележани, некои од нив можат да бидат изведени и како незабележливи ментални ритуали (на пример, тивко рецитирање на зборови со цел да се исфрли застрашувачка слика од мислите).

Борба против опсесивно компулсивно растројство

Психотерапијата има огромен успех при борбата со ова растројство, но најголем прогрес се забележува со когнитивно бихејвиоралната психотерапија.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s