Колумни

Здравје

Се сеќавате на онаа изрека која вели дека е подобро да се спречи отколку да се лечи? Ова важи за скоро сите болести.

За некои работи сме навистина чуден народ. Особено кога станува збор за нашето здравје. Не знам зошто и од каде потекнува тој тренд, но поголемиот број од луѓето кога имаат некој здравствен проблем веруваат дека можат самите да си го решат. Веруваат дека докторите (личности кои целиот свој живот го посветиле во изучување на човековата анатомија и начините на кои нашето тело функционира) не знаат ништо повеќе од нив, па токму затоа решаваат на своја рака да си постават дијагноза и да си препишат терапија. Но, зарем никогаш не ви паднало на ум дека можеби вашите симптоми укажуваат на нешто сосема друго? На нешто посериозно, кое доколку не биде соодветно третирано може да премине во состојба која е опасна по живот? Да, точно е дека болниците не се воопшто пријатни, но тие сепак постојат со причина и можеби докторите не знаат сè, но со сигурност знаат многу повеќе од останатите.

Здравје

Не велам дека би требало да се претворите во хипохондрици кои постојано се плашат дека нешто не е во ред со нив, туку едноставно да стекнете навика да одвојувате барем по 1 час на секои 6 месеци за систематски преглед. Се сеќавате на онаа изрека која вели дека е подобро да се спречи отколку да се лечи? Ова важи за скоро сите болести. Без разлика на нејзината сериозност, доколку се открие на почетокот големи се шансите дека брзо ќе се изборите со неа. Погледнете малку подобро кон луѓето околу вас. Сигурна сум дека ќе најдете неколку храбри личности кои успеале да се изборат со нешто страшно и доколку ги прашате како успеале, тие сигурно ќе ви одговарат со рано откривање и многу труд.

Од друга страна пак, колку активно се грижите за вашето здравје? Дали се исхранувате редовно и здраво, дали вежбате доволно и дали сте научиле успешно да се справувате со секојдневниот стрес? Правилната исхрана, редовната физичка активност и техниките за справување со стрес многу влијаат врз вашето здравје. Доколку ја најдете вистинската формула за вашето тело и ум, вие ќе станете незапирливи во сите аспекти на вашиот живот. Здравјето, физичкото и психолошкото, е најважното нешто доколку сакате да имате успех во професионалниот, но и во приватниот живот. Престанете да го потценувате и почнете подобро да се грижите за него!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s