Оваа необична фотографија направена од страна на Хабл многу наликува на празнична експлозија од бои и светлина. Сјајната ѕвезда „RS Puppis“ која е во центарот на оваа фотографија, е опколена со разнобојна прашина која дополнително ја нагласува. Оваа супер-ѕвезда се наоѓа на ноќното небо на северната хемисфера и е со големина 200 пати поголема од онаа на Сонцето.
