Психологија

Начини на кои станувате невидливи пред другите

Дали понекогаш се чувствувате како да сте невидливи? Доколку ова чувство подолго време трае, тогаш можеби е време да почнете да ја барате вината во себе...

Дали понекогаш се чувствувате како да сте невидливи? Доколку ова чувство подолго време трае, тогаш можеби е време да почнете да ја барате вината во себе, наместо постојано да ги обвинувате другите. Со помош на наредниве неколку трикови ќе можете да излезете од невидливата обвивка која сами сте си ја изградиле и ќе направите секој ваш чекор да биде забележан.

Начини на кои станувате невидливи пред другите

Се игнорирате себе

Дали често ги игнорирате вашите чувства? Тоа не е добра идеја, бидејќи нашите чувства се нашиот внатрешен водич низ животот. Доколку не им обрнувате доволно внимание вие ќе им оставите впечаток на луѓето околу вас дека тие воопшто не ви се важни и токму затоа и тие ќе почнат да ги игнорираат вашите чувства, а со тоа ќе предизвикаат да се чувствувате невидливо.

Не се борите за себе

Како реагирате кога ве напаѓаат? Дали ретко говорите за себе и постојано си велите дека можете да издржите сè, дека сте силни како карпа и дека ништо не може да ве сруши? Дали сметате дека е подобро да молчите отколку да започнувате конфликт? Доколку одговорот на овие прашања е позитивен, тогаш време е да научите како да се борите за себе. Доколку вие не го правите тоа, како очекувате другите да ве забележуваат, почитуваат и да се грижат за вас?

Прифаќате еднонасочни врски

Дали сте дел од пријателска или љубовна врска каде што секојдневно и со часови го слушате соговорникот како говори за себе, притоа постојано надевајќи се дека ќе ве праша како сте, но тоа скоро никогаш не се случува? Или пак, се чувствувате како во последно време да правите сè за вашите пријатели или партнер, а не добивате ништо за возврат? Доколку дозволувате вакво однесување, вие едноставно ги тренирате луѓето како да ве игнорираат. Во тој случај време е да ставите крај на овие врски и да почнете во потрага по нови пријатели или партнер кој ќе ве ценат онакви какви што навистина сте и кои подеднакво како вас ќе се трудат за одржувањето на вашиот однос.

Ги задоволувате потребите на другите по секоја цена

Дали сте фокусирани на тоа да бидете љубезни кон другите наместо кон себе? Дали верувате дека доколку не се ставате себе на првото место, туку сите оние кои се околу вас, тие ќе помислат дека сте добра личност и ќе почнат да се грижат за вас? Секако дека не. Вие само ќе ги научите дека можете сè сами да направите и дека воопшто не ви е потребна нивната помош, а токму ова води кон чувство на невидливост кога најмногу имате потреба од најблиските. Нема ништо лошо во тоа да бидете добра личност, но мора да научите дека за да можете успешно да ги задоволувате потребите на другите, прво вашите потреби мора да бидат задоволени.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s