Германската фотографка Лора Заленга преку својата работа ги истражува нашите емоции. Со само 21 година, таа изненадува со неверојатна зрелост која може да настане само со чист и природен талент. „Не гледајте во мене, само почувствувајте ја мојата душа. Моите фотографии ќе ви кажат многу повеќе нешта од зборовите,“ вели таа.