Овие две спирални галаксии поминуваат една покрај друга како прекрасни бродови во ноќта. Хабл успеал да направи фотографија од близок прелет на овие галаксии, но кој не резултирал со судар. Поголемата галаксија (од лево) е позната како NGC 2207, додека пак помалата (од десно) како IC 2163. Силни гравитациски сили од поголемата галаксија ја изобличиле формата на помалата, повлекувајќи ги ѕвездите и гасовите во долги линии кои се протегаат и до илјадници светлосни години кои водат кон десниот агол на оваа фотографија…
