Психологија

Психопатологија: Нарушувања на исхраната

Постојат 2 основни видови на нарушувања на исхраната: Анорексија и Булимија.

Нарушувањата на исхраната се скриени тајни кои влијаат врз многу фамилии. Најголемиот дел од оние кои боледуваат од овие нарушувања се адолесцентите и младите жени. На оваа тема не се зборува многу, но застрашувачкиот факт е дека оваа состојба може да зафати и до 5% од целокупната популација на тинејџерките.

Психопатологија: Нарушувања на исхраната

Зошто адолесцентите и младите жени се најподложни на нарушувањата на исхраната? Според Националнот Институт за Ментално Здравје, тоа се случува бидејќи во овој период од животот девојките најактивно се впуштаат во диети со цел да ја намалат својата телесна тежина. Но, одредени спортови и кариери исто така можат да имаат влијание, како гимнастиката и манекенството. Сите овие однесувања се карактеризираат со чувство на срам и се чуваат во тајност. Постојат 2 основни видови на нарушувања на исхраната:

Анорексија (позната и како анорексија нервоза) е онаа состојба во која личноста која страда од неа се изгладнува бидејќи е убедена дека има претерано висока телесна тежина. Доколку сте 15% под вашата нормална телесна тежина и вашата цел е да продолжите со слабеењето бидејќи не ви се допаѓа она што го гледате во огледалото, тогаш можеби страдате од ова нарушување.

Булимија (позната и како булимија нервоза) се карактеризира со прејадување, а потоа намерно исфрлање на храната од вашето дело преку повраќање или со конзумирање на лаксативи или диуретици. Ова однесување не му дозволува на вашето тело да ги впие калориите од конзумираната храна, па токму затоа резултира со слабеење.

Борба против нарушувањата на исхраната

Нарушувањата на исхраната се сериозен проблем кој не смее да биде занемарен. Тој мора на време да биде откриен и дијагностициран, бидејќи доколку се остави да се развива може да резултира со сериозни медицински компликации кои се опасни по живот.

Најголем успех во борбата со ова нарушување има когнитивно бихејвиорална терапија и групната психотерапија. Во некои ситуации се препорачуваат и медикаменти, кои во комбинација со психотерапијата покажуваат голем напредок.

Доколку верувате дека вие или некој ваш близок страда од овие нарушувања, ве молам побарајте помош. Откако ќе бидете со соодветна дијагноза, доволни се само неколку месеци за да се вратите на вистинскиот пат, надвор од животната опасност.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s