Колумни

Благодарност

Бидете благодарни за сите оние нешта кои се дел од вашиот живот и веднаш ќе забележите како вашата среќа, расположение и општото задоволство од вашиот живот полека секојдневно ќе се зголемуваат.

Понекогаш луѓето некако успеваат да заборават на благодарноста. Тие успеваат да заборават на оние нешта кои веќе ги имаат во својот живот и се фокусираат само на оние кои им недостасуваат. Тие целосно ја насочуваат својата енергија во смислување на најразлични начини како да ги достигнат овие често невозможни цели и недобивањето на истите најчесто резултира со разочараност и со општо незадоволство од животот.

blagodarnost

Јас сум сигурна дека доколку во овој момент ве прашам до каде сте со плановите за вашиот живот, вие веднаш ќе почнете да ми ги набројувате сите оние нешта кои не сте успеале да ги постигнете и ни на крај памет нема да ви падне да ми ги објасните оние нешта кои веќе совршено се вклопиле на своето место. Некои од вас можеби сега би помислиле дека не постојат такви работи, но јас веднаш ќе ви кажам дека грешите. Прво да почнеме со најосновната работа – животот. Вие сте живи и постоите. Зарем тоа не е нешто за кое треба да бидете благодарни? Следно на листата е здравјето. Сте размислиле ли каков би бил вашиот живот доколку го немавте? Потоа – блиските личности. Доволно е да имате само една блиска личност за вашиот живот да добие поголема смисла. Колку повеќе се зголемува оваа бројка, толку повеќе среќа внесувате во вашиот живот. Блиските личности, без разлика дали станува збор за семејството, пријателите или партнерот, се оние кои се покрај вас и во добро и во лошо и со чија поддршка можете да ги преминете сите препреки кои ќе излезат на вашиот пат. Кога последен пат сте им рекле дека сте благодарни за нивното присуство во вашиот живот?

Размислете малку подобро на оваа тема. Сигурна сум дека ќе се сетите на уште многу нешта за кои сте благодарни. Престанете да се фокусирате на она што го немате и почнете да живеете во сегашноста со она што веќе сте го постигнале. Бидете благодарни за сите оние нешта кои се дел од вашиот живот и веднаш ќе забележите како вашата среќа, расположение и општото задоволство од вашиот живот полека секојдневно ќе се зголемуваат.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s