Животот, како што многу добро знаете, е неверојатно хаотичен во последно време. Покрај домашните и работните обврски често знаеме да западнеме во секојдневна рутина и целосно да заборавиме на оние кои се околу нас. Понекогаш навистина би се изненадиле колку многу можат да помогнат малите гестови на добрина кога станува збор за нечие расположение. Токму затоа, погледнете ги наредниве 10 начини со чија помош можете да сјаете со позитивна енергија и пријатно да влијаете врз оние околу вас…
1. Насмевнувајте им се на луѓето повеќе.
2. Купете повеќе кафиња за носење и израдувајте ги вашите колеги.
3. Оставете му порака наутро на вашиот партнер во која ќе напишете „Знам дека одлично ќе ја завршиш твојата работа денес!“
4. Оставете му поголем бакшиш на келнерот и напишете му забавна порака на сметката.
5. Пофалете странец. Без разлика дали станува збор за неговата вратоврска или пак, за нејзината фризура – со комплимент ќе успеете да измамите насмевка на сечие лице.
6. Донирајте облека и чевли на оние кои немаат.
7. Секогаш задржувајте ја вратата од лифтот за другите.
8. Дозволете и на некоја личност со помалку продукти да помине пред вас на касата од супермаркетот.
9. Посвојте напуштено кутре или маче кои немаат големи шанси за преживување на улица.
10. Напишете им пораки во кои ја изразувате својата благодарност на три личности кои направиле позитивна промена во вашиот живот.