Психологија

Психопатологија: Биполарно растројство

Биполарното растројство, познато и како „манична депресија“ е ментално нарушување кое се карактеризира со постојано менување на расположенија.

Биполарното растројство, познато и како „манична депресија“ е ментално нарушување кое се карактеризира со постојано менување на расположенија. Личноста која страда од ова растројство брзо и лесно може да премине од состојба на еден вид хиперактивност (манија) во сосема спротивно расположение (депресија). И маничните и депресивните периоди можат да траат од неколку часа или неколку денови, сè до недели, па дури и месеци. Периодите на манија или депресија се разликуваат од личност до личност, но само во мал процент се појавуваат интензивни крајности на овие две сосема спротивни расположение. Многу луѓе можат да живеат со биполарното растројство без да бидат свесни за неговото постоење.

Психопатологија: Биполарно растројство

Маничната епизода се карактеризира со екстремна среќа, хиперактивност, бурни мисли, без потреба за спиење. Сите овие нешта водат кон забрзано говорење. Депресивната епизода се карактеризира со екстремна тага, недостаток на енергија или интерес за нешта и недостаток од уживање во оние активности кои сами по себе предизвикуваат чувство на среќа и надеж. Во просек, личност која страда од ова нарушување помеѓу епизодите на манија и депресија може да живее и до три години со сосема нормално расположение.

Биполарното растројство е повторувачко, односно повеќе од 90% од оние кои имале една манична епизода има големи шанси повторно да ја доживеат во иднина. Околу 70% од маничните епизоди во биполарното растројство се појавуваат веднаш пред или по депресивната епизода. Со соодветната психотерапија оние кои страдаат од ова нарушување можат да ги намалат чувствата на манија и депресија и да ја вратат рамнотежата во своето расположение. Некои психијатри препорачуваат и употреба на антидепресиви, но и покрај тоа што тие можат да помогнат со депресијата, понекогаш знаат да бидат и поттикнувачи на манична епизода.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s