Психологија

Како брзо да ги вклучите или исклучите вашите емоции

Според едно неодамнешно истражување, без разлика дали се чувствувате неверојатно добро или навистина лошо, емоциите се доживуваат поинтензивно кога сте во добро осветлена атмосфера.

Според едно неодамнешно истражување, без разлика дали се чувствувате неверојатно добро или навистина лошо, емоциите се доживуваат поинтензивно кога сте во добро осветлена атмосфера. Многу важни одлуки се донесуваат под силно светло, но со намалувањето на осветленоста можете да донесете помалку емоционална одлука. Студијата, која била објавена во „Journal of Consumer Psychology“ покажала дека истите ефекти се добиваат и кај оние кои страдаат од депресија.

Како брзо да ги вклучите или исклучите вашите емоции

Голем број на истражувања ни покажуваат дека за време на сончевите денови луѓето се пооптимистични за својата работа, изјавуваат дека се поздрави и секогаш се подготвени да помогнат, но од друга страна пак, долготрајната изложеност на мрачните денови може да резултира со сезонско афективно нарушување. Спротивно на овие резултати, ние откривме дека сончевите денови можат негативно да влијаат врз оние кои се склони на депресија, вели Алисон Џинг Зу, водечкиот истражувач на студијата.

Можеби ефектот на силната светлина врз емоциите може да помогне во објаснувањето на зголемувањето на бројот на самоубиства во пролетните и летните месеци.

Силното осветлување најчесто се поврзува со топлина, а топлината се поврзува со емоционален интензитет. Овие психолошки искуства на топлина го вклучуваат нашиот емоционален систем и на тој начин ја зголемуваат емоционалната реакција на сите видови стимулси. Токму затоа, на силна светлина, доброто ни изгледа подобро, а лошото – полошо.

Па, доколку сакате да ги намалите вашите емоции, обидете се да го сторите тоа со намалувањето на осветленоста во просторијата во која се наоѓате. Или пак, доколку сакате нешто да доживеете поинтензивно, вклучете ги светилките на најсилно.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s