Занимливости

7 причини да ја напишете вашата приказна

Пишувањето може да ви помогне во многу аспекти од вашиот живот. Тоа може да ја прошири вашата свесност, да ја зголеми вашата самодоверба, да влијае позитивно на вашето здравје, па дури и да ви помогне да го откриете значењето на вашиот живот.

Пишувањето може да ви помогне во многу аспекти од вашиот живот. Тоа може да ја прошири вашата свесност, да ја зголеми вашата самодоверба, да влијае позитивно на вашето здравје, па дури и да ви помогне да го откриете значењето на вашиот живот. Погледнете ги наредниве 7 причини поради кои би требало да започнете со пишување на вашата приказна…

7 причини да ја напишете вашата приказна

1. Пишувањето ви помага да станете свесни за вашиот идентитет – Кога ја пишувате вашата приказна вие го потврдувате вашето место на овој свет, па токму затоа ова е одличен начин за оние кои се чувствуваат изгубено да се вратат на вистинскиот пат во нивниот живот.

2. Пишувањето на вашата приказна ви дава моќ За да раскажете некоја приказна, треба да верувате дека имате право над неа и токму затоа со пишувањето ќе можете многу брзо да го пронајдете вашиот глас.

3. Преку пишувањето вие ќе почнете да го откривате значењето на вашиот живот Голем број луѓе се движат низ нивниот живот во облак од хаос предизвикан од страна на сите оние настани од минатото кои едноставно не биле целосно разбрани или обработени. Значењето не лежи во искуството, туку е дело на нашата креативност во секој момент од нашиот живот.

4. Пишувањето на вашата приказна влијае позитивно на вашето општо здравјеСо помош на пишувањето вие ќе успеете подобро да ги разберете оние нешта кои ви се случило, а со тоа и полесно да се справите со потешкотиите и проблемите.

5. Пишувањето на вашата приказна е еден начин на активно слушање на она што вашето срце сака да го искаже – Зарем не би сакале конечно да бидете целосно ислушани?

6. Со пишувањето вие ги задржувате вашите сеќавања, но не само како факти, туку и како емоционални искустваПриказните ефективно ги зацврстуваат информациите во вашиот мозок, па токму затоа во иднина ќе можете полесно да се сетите дури и на најмалите детали…

7. Пишувањето е акт на интимност со нашата свесност Преку овој бавен, трпелив и моќен процес ние ја зацврстуваме врската со нашите внатрешни светови и токму затоа постојано одново се спознаваме себеси.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s