Колумни

Очи

Кога последен пат сте погледнале нагоре, кон ноќното небо?

Благодарение на интернетот, луѓето имаат можност да го прошетаат светот од удобноста на својот дом. Можат да ги следат сите настани, без разлика дали станува збор за предавања од најпознатите универзитети, концерти од најголемите ѕвезди, или пак, новогодишниот огномет врз градот Њујорк. Можеме слободно да кажеме дека го имаме светот на дланка.

Очи

Но, од друга страна пак, се сеќавате ли кога последен пат сте излегле со пријателите и целосно сте се препуштиле на музиката и танцувањето? Се сеќавате ли на летен одмор во кој навистина сте се опуштиле покрај тивките морски бранови? Mожеби би било полесно да се сетите на последната кратка прошетка во паркот која ви помогнала да си ги избистрите мислите и да се насочите кон себе? Кога последен пат сте погледнале нагоре, кон ноќното небо? Не можете да се сетите? Тогаш можеби би требало поинаку да ги поставам овие прашања. Се сеќавате на селфито со вашите пријатели минатиот викенд, фотографијата од вашите нозе на плажа од ова лето или серијата од фотографии направена во паркот пред неколку денови? Се сеќавате на најновите објави од вашите пријатели на Фејсбук и на најпопуларните твитови неделава? Да? Претпоставував.

Точно е дека ретко кој од нас ќе добие можност да присуствува на предавања од факултет како Харвард, да биде дел од концертот на својата омилена група или пак, да ја дочека новата година во Њујорк. Можеби никогаш нема да можеме со наши очи да го видиме врвот на Монт Еверст, или да прошетаме по ходниците на домот на Маите. Но, затоа можеме целосно да уживаме во оние нешта кои не опкружуваат. Наместо да гледате како вашиот живот поминува низ објективот од вашиот смартфон, можеби е добро да направите мала промена и да почнете да ги гледате нештата кои се случуваат околу вас со вашите очи. Вие можеби се обидувате да го овековечите моментот така што ќе направите фотографија од него, но на тој начин не го запомнувате подобро, баш напротив, вие го пропуштате. Не бидете и вие како оние луѓе кои целосно се губат во технологијата и ù дозволуваат таа да го контролира нивниот живот. Исклучете го лаптопот и оставете го вашиот смартфон дома. Почнете да го живеете вашиот животот наместо само да го гледате од страна. Правете спомени и чувајте ги во вашето срце, а не на Инстаграм! Бидете среќни и уживајте во секој момент, бидејќи времето постојано се движи и откако еден момент ќе помине, тој нема повторно да се врати.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s