Занимливости

Психопатологија: Генерализирано нарушување на анксиозноста

Оние кои страдаат од генерализираното нарушување на анксиозноста постојано се грижат за голем број на животни настани и чувствуваат интензивна анксиозност која може да трае од неколку денови, па сè до неколку месеци.

Сите ние сме имале грижи кои се специфични и временски ограничени, но оние кои страдаат од генерализираното нарушување на анксиозноста постојано се грижат за голем број на животни настани и чувствуваат интензивна анксиозност која може да трае од неколку денови, па сè до неколку месеци. Овие грижи се толку големи што можат дури и да предизвикаат проблеми во секојдневниот живот бидејќи се манифестираат преку различни видови на психолошки реакции. Личностите кои страдаат од ова нарушување чувствуваат срцебиење, тензија во мускулите, немир, тресење, имаат проблеми со спиењето, не можат лесно да се фокусираат и постојано се нервозни. Станува збор за состојба која полека се гради, започнувајќи во детството или адолесценцијата и потоа продолжува со својот тек и во возрасните години.

Психопатологија: Генерализирано нарушување на анксиозноста

Над 2/3 од оние кои го имаат ова нарушување паралелно страдаат и од депресија, злоуопотреба на алкохол или дрога и фобии. Генерализираното нарушување на анксиозноста е повеќе застапено кај жени отколку кај мажи и е едно од најчесто дијагностицираните психолошки растројства ширум светот. Ова нарушување е резултат од биолошки фактори во комбинација со психолошки сензации кои предизвикуваат стрес. Понекогаш дури и самата помисла да се помине денот може да предизвика анксиозност. Луѓето кои страдаат од овој вид на нарушување на анксиозноста изгледа дека не можат да се оттргнат од нивните грижи и покрај тоа што најчесто сфаќаат дека нивната реакција е ирационална. Тие не можат да се опуштат, се чувствуваат лошо и често го посетуваат тоалетот. Дел од нив можат дури да чувствуваат и грутка во грлото.

Борба против генерализираното нарушување на анксиозноста

Когнитивно бихејвиоралната психотерапија покажала одреден успех при справување со ова нарушување, но понекогаш се препорачуваат и медикаменти со цел да се смират физичките симптоми.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s