35 нешта кои можете да ги правите наместо да трошите пари
Незаборавни занимливости

35 нешта кои можете да ги правите наместо да трошите пари

Она што е најважно во нашиот живот е слободата и времето. Времето да ги следите вашите страсти, да поминувате време со вашите најблиски, да пиете вино со пријателите и да ги набљудувате зајдисонцата. Звучи убаво, нели? Но, она што е најинтересно е дека за овие нешта не ви е потребен ниту еден денар.

35 нешта кои можете да ги правите наместо да трошите пари

1. Засадете цвеќиња во вашата градина.

2. Користете видеа од Јутјуб за караоке забава.

3. Организирајте филмски маратон со вашите најблиски.

4. Преместете го мебелот во вашиот дом.

5. Во период од една година, секој ден правете по една фотографија.

6. Преспијте неколку часа на отворено.

7. Посетете музеј или галерија во кои не се наплаќа влез.

8. Исперете го сами вашиот автомобил.

9. Донирајте коса за пациентите од рак.

10. Прошетајте во најблискиот парк.

11. Прочитајте книга во еден здив.

12. Средете го вашиот шкаф и онаа облека која не сте ја носеле повеќе од 2 години донирајте ја на Црвен крст.

13. Започнете да водите блог.

14. Возете велосипед.

15. Налакирајте ги вашите нокти.

16. Набљудувајте ги ѕвездите.

17. Направете краток „филм“ за вашиот живот.

18. Организирајте ја вашата шминка.

19. Прошетајте покрај река/езеро…

20. Започнете со онлајн туторијали за јога.

21. Започнете со џогирање.

22. Влезете во вашиот автомобил и истражувајте го градот.

23. Кампувајте во вашиот двор.

24. Однесете го вашето куче на прошетка.

25. Наполнете ја кадата со топла вода (или млеко), запалете свеќи, пуштете тивка музика и целосно опуштете се.

26. Направете пикник со оние нешта кои веќе ги имате во вашиот фрижидер.

27. Направете листа од вашите омилени рецепти и споделете ја со вашите најблиски.

28. Планинарете.

29. Посетете ги вашите најблиски.

30. Составете листа од сите оние нешта кои би сакале да ги направите следната година.

31. Танцувајте на дождот.

32. Создадете нов вкус на сладолед така што ќе ги искомбинирате оние кои ги имате во вашиот замрзнувач.

33. Почнете со некоја креативна активност, како цртање или пишување.

34. Симнете бесплатни апликации за медитација.

35. Направете музичка плејлиста за вашите пријатели.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s