Колумни

Марс

Луѓето отсекогаш биле истражувачи, љубопитни суштества кои по секоја цена сакаат да ја откријат целта на своето постоење. Кога успеавме да ја изгубиме, па ако мене ме прашувате, оваа најголема одлика на човештвото?

Вчера бев пријатно изненадена од една интересна иницијатива од страна на НАСА. Доколку сакате на овој линк можете бесплатно да „купите“ карта за следниот лет до Марс. Звучи интересно, нели? Секако картата не ве носи вас на Марс, но барем вашето име ќе успее да стигне до црвената планета. И така додека ја пополнував мојата апликација почнав да размислувам колку би било прекрасно доколку сите ние имавме можност навистина да патуваме до нашиот близок сосед. Почнав да ги замислувам изгрејсонцата и зајдисонцата на оваа планета, боите на небото и на бескрајните суви пустини…

Марс

По мало бегство од реалноста и долг воз од мисли сфатив дека ние луѓето не сме толку глупави и неспособни на тоа поле, туку едноставно имаме други приоритети. Наместо да се вложува во истражување на нашата галаксија (па и во животот на нашата планета), луѓето се опседнати со секаков вид на баналности. Тие попрво би вложиле во измислување на деструктивни оружја со кои ќе имаат можност меѓусебно да се убиваат, би го трошеле своето време на бесцелни војни во кои најмногу страдаат невините и најважно од се, ќе се насочуваат во онаа насока која им ветува повеќе пари за нив и нивните каприци.

Луѓето отсекогаш биле истражувачи, љубопитни суштества кои по секоја цена сакаат да ја откријат целта на своето постоење. Кога успеавме да ја изгубиме, па ако мене ме прашувате, оваа најголема одлика на човештвото? Има една изрека која вели „Биди промената која сакаш да ја видиш во светот“, но како што поминува времето почнувам да мислам дека тоа не е доволно. Не само што треба да бидеме таа промена, ние треба и силно да се бориме за неа. Треба да направиме се што е во наша моќ за да почнеме да го менуваме светот, бидејќи тоа што се случува во него е застрашувачко. Зарем не би сакале да живеете во свет во кој владее мир и хармонија, во кој науката е водечка сила и во кој би можеле во секое време да отидете на крстарење низ нашиот Сончев систем? Замислете, доколку се вложува повеќе на ова поле можеби би можеле да идеме на летен одмор на топлата Венера или пак, на зимување на замрзнатата Европа. И не само што ќе можеме да патуваме низ нашата галаксија, туку ќе можеме да откриваме и нови нешта кои можеби би ни помогнале да го прошириме нашето знаење за медицината, за животот, па дури можеби и за постоењето. Безбројни се работите кои би тргнале на подобро. Или можеби јас премногу сонувам? Без разлика на ситуацијата, јас ќе си се спремам за моето „патување“ на Марс и ќе продолжам да се обидувам да го променам светот…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s