По сплет на околности (читај: бидејќи треба да куцам дипломска) успеав да најдам време да ги изгледам сите ТВ серии од 2014 година. Мора да признаам дека постојат неколку кои не успеaа да ми го задржат вниманието ниту една епизода, како на пример A to Z која ми изгледаше како многу бледа и лоша копија на How I Met Your Mother, додека пак од друга страна постојат и некои, како на пример, The Strain, кои ми беа толку одвратни кои не би ги гледала дури ни за милион долари. За среќа, неколку од новите серии целосно ме освоиja и верувам дека доколку им дадете шанса и вие подеднакво многу ќе ги засакате…
1. Outlander
Оваа ТВ серија ја следи приказната за Клер Рандар, воена сестра од 1945 година која мистериозно ќе биде фрлена во 1743 година во Шкотска. Таа со сета сила ќе се обидува да се врати кај својот маж, во нејзиното време, но кога ќе биде приморана да се венча со Џејми Фрејзер, шармантен и романтичен војник од Шкотска, помеѓу нив ќе се појави неверојатна љубовна искра…
2. How to Get Away with Murder
Една група амбициозни студенти по право и нивната брилијатна професорка ќе станат дел од мистериозен заговор за убиство кое од корен ќе го промени нивниот живот.
3. Selfie
Откако ќе стане дел од засрамувачко вирално видео, Елајза која е во своите 20-ти години ќе реши да побара помош од експерт со цел да ја изгради од почеток нејзината слика во реалниот свет.
4. Forever
200-годишен маж кој работи во градската мртовечница во Њујорк и има неверојатни способности за забележување на детали, се обидува да ја отклучи клетвата на неговата бесмртност.
5. The Flash
Откако ќе биде удрен од гром кој ќе го одведе во кома, научникот Бери Ален кој работи како форензичар за полицијата ќе се разбуди по 9-месечен сон со неверојатна способност за брзина и амбиција да стане суперхерој.