Колумни

Утре

„Има време,“ ќе си кажете себеси. „Да ја изгледам само новата епизода од The Walking Dead, па ќе се фрлам на работа.“ Но, приказната не завршува тука. Одеднаш ќе сфатите дека се стемнило и дека немате веќе серии за гледање бидејќи сите сте ги изгледале, вклучувајќи ги и оние кои ви се досадни и ни најмалку не ви прават мерак. И кога конечно ќе седнете да работите ќе се убедите дека сте премногу уморни од целодневното лежење и гледање во монитор, па ќе си речете „Веќе доцна е, од утре сигурно ќе почнам!“ И ќе си легнете да спиете. А утре… Утре истата приказна. И тоа се повторува секое наредно утре, сè додека не сфатите дека немате веќе време. И тогаш, во паника поради брзото приближување на крајниот рок ќе се затворите во соба, ќе се изолирате од сите луѓе, ќе се предозирате со кофеин, нема да спиете неколку вечери и ќе ја завршите вашата работа во рекордно време. Без разлика дали станува збор за учење, пишување на дипломска или пак, некоја работна обврска. И ако не ги земеме во предвид сите оние негативни влијанија на стресот врз вашето тело и ум сè тоа е во ред, но сте се запрашале ли некогаш како би изгледале сите овие нешта доколку сте ги правеле полека, со љубов и без никаков притисок?

utre

Сите ние сме зависни од модерниот и брз начин на живот. Но, тоа не значи дека не можеме да се бориме против овие трендови. Замислете само колку би биле поуспешни ако научиме како да си го организираме времето. Сè што е потребно е да ја исфрлиме изјавата „Има време“ од нашиот вокабулар и сè ќе тргне на подобро. Размислете малку. Ако реално гледаме на работите, никогаш нема време. Еден ден има само 24 часа и сигурна сум дека досега не постоел човек што може да каже дека му биле доволни за сите оние нешта кои тој/таа би сакале да ги направат во текот на еден ден. Но, од друга страна пак, доколку соодветно се поделат и организираат нештата, во текот на една недела (или месец) може да се постигне со сè! Токму ова е нешто што една многу блиска личност секојдневно ме учи. Тој верува дека самодисциплината, рутината и организираноста е клучот за успех на сите полиња и мора да признаам дека постојано успева на најразлични начини да ми ја покаже неговата теорија и во пракса. И покрај тоа што е потребно многу време и труд за да се постигнат овие карактеристики, сепак сметам дека вреди да се обидеме. Зошто да прифаќаме да живееме со стрес, нервирање и без доволно сон, а единствената „награда“ за тоа да ни биде никаква 6-ка, дипломска со безброј печатни грешки или пак, критика од соработниците за лошо завршената работа? Замислете колку би било прекрасно ако сите работи ги започнуваме во истиот момент кога сме ги планирале и ги завршуваме пред крајниот рок со насмевка на нашето лице и без темни кругови под очите! И не го зборувам ова само затоа што ми се приближува крајниот рок за мојата дипломска и бидејќи веќе влегувам во почетните фази на „Ми гори под нозете“, туку затоа што искрено верувам дека може да успее. Ако успееме да се убедиме дека никогаш нема време, не само што ќе бидеме поопуштени при завршувањето на обврските, туку истите ќе ги направиме легендарно и потоа ќе имаме за што да се гордееме. 6-ките ќе се заменат со 10-ки, дипломската ќе биде за највисока пофалба, а одлично изработените работни задачи можеби дури ќе донесат и можност за унапредување. Време е да престанеме да се мешаме со толпата и да ја користиме како изговор за нашата мрзливост и да направиме нешто значајно со нашиот живот. Ако не сега, кога? Од кај знаете, може утре нема да дојде…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s