Топ 10 игри за Windows Phone
Незаборавни занимливости

Топ 10 игри за Windows Phone

Инспирирана од постот на Мино за неговите топ 5 игри и постот на Кристина за нејзините омилени игри на сите времиња, решив да ја споделам со вас и мојата листа на омилени игри за Windows Phone. Поголемиот дел од овие игри се достапни и за корисниците на Apple и Android, но ако имате Windows Phone и ако барате нови забавни игри кои би можеле да ви ги исполнат паузите од работа, тогаш ви препорачувам да ја погледнете оваа листа…

Топ 10 игри за Windows Phone

1. Where’s My Water?

Оваа игра е една од оние кои откако ќе почнете да ги играте, едноставно нема да можете да престанете. Станува збор за мало и слатко алигаторче, Swampy, кое има мал проблем со водоводот. Тој сака да се избања, но водата не стигнува до неговиот туш. Токму затоа вие треба да направите пат за водата да стигне до него. Доколку ви се допадне оваа игра, дајте ù шанса и на Where’s My Perry?.

2. Another Case Solved

Името на оваа игра кажува сè што треба да знаете за неа. На кратко, станува збор за приватен детектив кој започнува буквално од нула. Токму затоа очекувајте првите случаи да ви бидат поврзани со исчезнати мачиња. Приказната е навистина интересно оформена и токму таа најмногу ќе ве тера да продолжите со мисиите. Едноставно нема да можете да издржите да не дознаете што ќе се случи следно со животот на младата детективка (односно детектив)…

3. Age of Empires: Castle Siege

Оваа игра е рај за сите љубители на стратегии. Покрај стандарната мисија до која секој играч има пристап, вие се борите онлајн и со други играчи. Овие борби ќе ви бидат најдобар начин за собирање дополнителни ресурси кои ви се потребни за изградба на вашата империја. Но, бидете внимателни. Вие исто така можете да бидете нападнати, а тоа подразбира и губење на дел од вашите ресурси па токму затоа подеднакво треба да вложувате и во одбраната и во нападот.

4. Frozen Free Fall

Сте играле Candy Crash? Епа оваа игра спаѓа во истата категорија, меѓутоа вие играте со главните ликови од прекрасниот цртан филм Frozen. Правилата се горе доле исти, но како што ќе се движите низ нивоата, така ќе забележувате и значителни разлики. Токму овие нешта ја прават оваа игра многу поинтересна и позабавна од добро познатата Candy Crash.

5. Yatzy

Сте играле некогаш јамб? Сега тоа можете да го правите онлајн, против голем број на играчи. Yatzy е составена од 3 различни видови на истата игра, оригиналниот јамб, американски јамб и голем (макси) јамб. На кратко, ако сте љубител на оваа игра, сигурна сум дека ќе поминете саати во играње со луѓе низ целиот свет.

6. Zuma’s Revenge

Зума. На времето оваа игра ми беше една од омилените за компјутер. Токму затоа не можете ни да замислите колку се прерадував кога видов дека постои и во мобилна верзија. Правилата се едноставни, вие ја контролирата жабата која фрла топчиња во различни бои со цел да ја спречите низата од топчиња која иде кон вас.

7. Zombie Tsunami

Секој фан на ТВ серијата The Walking Dead мора да има барем една зомби игра во својот мобилен. Мојот избор беше оваа забавна верзија. Целта е да претворите што е можно повеќе луѓе во зомбиња кои ќе се приклучат во вашата група за заедно да го освоите светот. Звучи заразно, нели? 🙂

8. Galactic Rush

Постои едно прашање кое е постаро и од самиот Универзум, а тоа е „Која е најбрзата раса во оваа галаксија?“ Шала на страна, во оваа игра вие го претставувате човекот (или понатаму по избор и други раси) со цел да докажете дека сте најбрзи во оваа галаксија.

9. Tetris Blitz

Ако сте љубител на оригиналната Тетрис, тогаш дефинитивно ќе се заљубите и во оваа. Станува збор за модерна верзија која има сè што би посакале. Мисии, предизвици, power-ups, битки со други играчи…

10. Angry Birds

Ако ме прашувате мене, не смее да постои смартфон без основната верзија на Angry Birds. Секако бројот на апликации кои ги поседувате со нив зависи од тоа колку ги сакате лутите птици. Еве јас на пример, ги имам сите, ама ако веќе мора да одберам топ 3 од нив би ги избрала Angry Birds, Angry Birds Space и Angry Birds Star Wars… Меѓу другите… 🙂

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s