Колумни

Пријателство

...ние заклучивме дека пријателите кои навистина ве сакаат и почитуваат секогаш ќе бидат среќни за добрите нешта кои се случуваат во вашиот живот...

Вчера разговарајќи со две мои блиски пријателки успеавме да дојдеме до најчистата дефиниција за тоа што значи да се биде вистински пријател. Според нашето досегашно искуство, ние заклучивме дека пријателите кои навистина ве сакаат и почитуваат секогаш ќе бидат среќни за добрите нешта кои се случуваат во вашиот живот.

prijatelstvo

Тие ќе се радуваат со целото срце за вашата диплома, новата љубовна врска, за работното место од вашите соништа или за било кое друго постигнување кое на вас лично многу ви значи. Кога ќе споделите добри новости со нив, тие ќе бидат среќни исто толку колку што сте и вие. Можеби дури и повеќе. Кога ќе дипломирате, тие први ќе ви честитаат и ќе ви ја организираат најлудата забава на која некогаш сте присуствувале. Ако се заљубите и ако комплетно полудите по вашиот партнер, тие целосно ќе ве разберат и нема да им пречи тоа што тие повеќе не се на првото место на вашата листа. Тие знаат дека секогаш ќе имаат големо место во вашето срце и нема да се чувствуваат загрозено од оваа промена. Баш напротив, бидејќи знаат колку тоа ве прави среќни, тие целосно ќе ве поддржуваат. Кога ќе започнете со нова работа, особено ако таа е од вашите соништа, тие ќе сфатат дека не можете веќе секоја минута од денот да ја поминувате заедно и ќе бидат среќни за вас бидејќи го работите она што навистина го сакате. Вистинските пријатели се покрај вас и во добро и во лошо. Тие се тука да ве водат низ животот, да се радуваат на сите нови позитивни фази од вашиот живот и да ви бидат поддршка кога работите ќе тргнат во погрешна насока. Токму овие пријателства се оние кои треба да се негуваат.

Од друга страна пак, постојат пријателства во чија основа се наоѓа завидливоста, љубомората и натпреварот. Овие пријатели никогаш нема да можат да бидат навистина среќни за вас. Ако дипломирате пред нив, тие ќе се лутат. Тоа ќе го покажуваат преку различни видови на коментари и забелешки кои ќе прават да се чувствувате лошо за ова ваше постигнување. Ако си фатите дечко/девојка, тие повторно ќе се лутат. Без разлика на тоа дали они се во врска или не. Ова лутење ќе го покажуваат преку честите коментари од типот „Си фати дечко/девојка и те снема!“ И покрај тоа што со целата ваша сила се борите подеднакво да посветувате време и на нив и на вашиот партнер, изгледа дека тие секогаш се чувствуваат „запоставено“. Ако се вработите, тие исто така ќе се лутат. А тоа ќе можете да го забележите според безбројните иронични забелешки за вашата плата или пак, за самото работно место. Кога споделувате добри новости со овој вид на луѓе, тие постојано ќе успеваат на некој начин да ве искритикуваат, а со тоа и да ја намалат вашата среќа. Впрочем, ако они не се среќни, зошто па вие да бидете? Или барем они така сметаат. Многу е важно да ги идентификувате овие пријатели и сериозно да разговарате за вашиот однос. Обидете се да поставите граници и не им дозволувајте да манипулираат со вас и вашите чувства. Без разлика за какви постигнувања или добри новости станува збор, доколку вие сте среќни, треба и тие да бидат среќни за вас. Ако тоа не се случува, дури и по вашиот разговор на оваа тема, можеби е време подобро да размислите за овие пријателства.

Задачата на пријателите е да ви го олеснуваат вашето патување низ животот, а не да ви поставуваат препреки на секој чекор. Најлесниот начин да ги разликувате пријателите кои навистина ве сакаат и ценат од другите е во начинот на кој тие реагираат на вашите позитивни новости. Вистинските пријатели секогаш ќе бидат среќни за вас, дури и за оние нешта кои на нив им изгледаат смешно или глупаво, а кои вас неизмерно многу ве радуваат. Токму овие личности се оние кои го заслужуваат вашето внимание и за кои секогаш треба да наоѓате време. Без разлика на тоа колку сте зафатени со други нешта…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s