Најголемата новост која Марвел ја сподели со своите фанови е најавата за 2 нови филмови: Avengers: Infinity War I & II, кои се очекува да излезат во 2018-та и 2019-та година. Филмовите ќе бидат базирани според приказната од стриповите (Infinity Gauntlet) каде што Одмаздниците ќе се борат против Лудиот Титан, Танос, кој ќе ја поседува најголемата моќ врз постоењето.
Танос прв пат се појавува во една сцена по завршувањето на филмот Avengers, а потоа на кратко може да се забележи и во филмот Guardians of the Galaxy, каде што го глуми Џош Бролин. Според приказната тој сè уште не ги поседува овие моќи.
Поради одредени настани кои треба да се случат во филмот Captain America: Civil War, изгледа дека Земјата ќе има намалена способност за одбрана кога Танос ќе се обиде да ги постигне своите цели. Но, можно е Одмаздниците да имаат помош од страна на новодојденците како Black Panther, Doctor Strange и Captain Marvel…