Масивната млада ѕвезда IRS 4 (Infrared Source 4) е одговорна за огромната активност која може да се забележи во маглината на оваа фотографија. Големите количини на супер-жежок гас, кој сјае сино на фотографијата направена од страна на Хабл, се протега од централната ѕвезда кон нанадвор притоа создавајќи „ангелски крилја“. Повеќе информации за оваа фотографија можете да најдете тука.
